fbpx

Србија ќе се обрати во ОН поради изјавите на Вокер за Голема Албанија

-

Србија ќе се обрати во Обединети нации поради изјавите на поранешниот шеф на верификационата комисија на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, дека работи на проектот за создавање на „голема Албанија“.

Ставовите на Србија ќе ги пренесе министерката за правда, Нела Кубуровиќ, која на 16 мај ќе учествува на седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе биде разгледан редовниот тримесечен извештај за работата на Мисијата на ОН на Косово.

Влијам Вокер пред три дена, во Приштина, на прославата на годишнината на Алијансата, за иднина на Косово рече дека има проект за обединување на Албанците на Косово, Албанија и во дијаспората.

На изјавата остро реагираше и српскиот премиер во заминување, Александар Вучиќ. Тој рече дека таа изјава е доказ дека Вокер е големоалбански лобист и дека од почетокот се залагал за остварување на тој проект и додаде дека ќе инсистира за таа изјава да се разговара на „сите нивоа во Европа и во светот“.

И министерката задолжена за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ, денеска изјави дека Србија ќе се обрати во ОН поради изјавата на Вокер затоа што „проблемот на „голема Албанија“ не е само проблем на Србија туку вклучува територии на неколку земји на Балканот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...