Кула: ДУИ не коалицираше со ВМРО-ДПМНЕ поради медиумите на Сорос

-

Албанскиот експерт за регионални прашања, Илир Кула, во емисијата „Комитети“ зборувал за влијанието на фондациите на Џорџ Сорос во Албанија и во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

Во однос на Македонија, тој истакнал дека поради влијанието на Сорос, ДУИ не можела да постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ.

Кула изјавил дека „Сорос преку медиумите ја предупредил ДУИ дека ќе си изврши политичко самоубиство во случај да коалицира со Груевски“.

За Албанија, пак, Кула го споменал влијанието на Сорос врз судските реформи.

Кула во емисијата потсетил и на случајот со разрешувањето на Или Мањани од функцијата министер за правда, кој пред две недели на телевизија кажал дека предлогот за судските реформи бил на Сорос.

Тој ги истакнал и проблемите што, според него, ги создале американските амбасадори во врска со присуството и со влијанието на Сорос во двете балкански земји.

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

ЗХГ до претседателката Сиљановска-Давкова: Не ги потпишувајте измените на Законот за урбанистичко планирање

Активисти на Граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град (ЗХГ) испратија апел до претседателката Гордана Сиљановска Давкова да не ги потпишува, како што велат, контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои...

ИДСЦС: Поддршката за ЕУ интеграцијата е стабилна, 20% од граѓаните прифаќаат уставни измени

Македонските граѓани продолжуваат да ја поддржуваат интеграцијата во Европската Унија, но само 20% од испитаниците сметаат дека државата треба ги направи нужните уставни измени за продолжување со процесот, покажува истражувањето на...

Уставни измени: Таравари со една „песна“ на избори, со друга во Владaта

Таравари и коалицијата ВРЕДИ лани во изборниот период уверуваа дека уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот ќе бидат направени најдоцна за шест месеци откако ќе дојдат на власт. Сега,...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина,...