fbpx

Жбогар за „Мета“: Многу време се изгуби, да се продолжи со формирање на институциите

-

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Собранието прв се сретна со новоизбраниот претседател на законодавниот дом, Талат Џафери, кому ја посочил подготвеноста на ЕУ за соработка со него и со парламентот.

Во изјава за „Мета“, по завршувањето на средбата, Жбогар рече дека досега многу време се изгубило и дека треба да се продолжи со процесот на формирање на институциите, вклучувајќи ја и владата.

– Дојдов денеска во Собранието за да се сретнам со претседателот Талат Џафери и да ја изразам нашата подготвеност да соработуваме со парламентот и со него за многу потребните реформи, за земјата да може да се движи напред. Многу време беше изгубено и сега е време да се продолжи напред, време да се продолжи со процесот на формирање на институциите, вклучувајќи ја и владата, за да може да работиме на прашања кои се важни за државата, како реформите и рестартирањето на економијата. Со Џафери разговараме за неговата идна работа. Нешто што сметаме дека е многу важно е да се допре до сите во општеството, во парламентот и сите да се согласат околу приоритетите на државата, кои се приоритети и на ЕУ за земјата да се придвижи по евроатланскиот пат – рече Жбогар во изјава за „Мета“.

Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, утрово без проблеми влезе во законодавниот дом и во службените простории, односно во кабинетот што вчера го окупираа пратениците на ВМРО-ДМПНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија.

Talat Dzaferi i Samuel Zbogar

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...