fbpx
Таг: избирачки список

таг: избирачки список

Хан не му верува на Иванов и ќе бара меѓународна проверка на избирачкиот список

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска на брифинг со новинарите во Брисел соопштил дека иницирал формирање меѓународно независно тело кое ќе помогне во прочистување на избирачкиот список. - Мислам дека ни треба на европско ниво, независна и кредибилна структура што ќе даде оценка за избирачкиот список и неговиот квалитет пред изборниот ден. Она што го видовме во БЈР Македонија е...

Пет члена на ДИК му пишаа на Вељаноски дека изборите би биле нелегитимни

Пет члена на Државната изборна комисија (ДИК) испратија писмено известување до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во кое се вели дека на 5 јуни ќе има само една кандидатска листа. Според Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и претседателот и потпретседателот на Комисијата, Александар Чичаковски и Реџеп Прекопуца, ако се спроведат изборите тие би биле нелегитимни...

Управниот суд го поништи решението на ДЗЛП за е-пристапот до избирачкиот список

Управниот суд на 5 мај донел одлука со која ја уважил тужбата на Државната изборна комисија (ДИК) против привременото решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), со која ѝ се забранува на ДИК да обезбедува електронски пристап до избирачкиот список на интернет-страницата izbirackispisok.gov.mk. Истовремено, со уважувањето на тужбата на ДИК, Управниот суд го поништил привременото решение на...

ДИК: Македонија има вкупно 2.464.266 државјани

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа едногласно го усвои извештајот за податоците од регистарот на државјани (лица со македонски пасош) на Министерството за внатрешни работи (МВР), според кој Македонија има 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или, вкупно, 2.464.266 државјани. Инаку, ако денеска до полноќ, кога истекува последниот рок за доставување листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија...

ДУИ, ДПА и СДСМ не поднесоа листи за членови на избирачките одбори

ДУИ, ДПА и СДСМ не поднесоа листи на кандидати за членови на избирачките одбори, неофицијално информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Вчера до полноќ, до кога беше и последниот рок да се поднесат кандидатски листи, тоа го стори само ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува, пак, на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва, од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, сепак, поднеле предлози за членови. Во...

ДИК ќе проверува колку лица од Албанија склучиле брак во Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа едногласно го усвои заклучокот да се задолжат Управата за водење матична евиденција и МВР да утврдат колку лица од Албанија имаат склучено брак во Македонија и на која основа стекнале државјанство. Проверките ќе се вршат таму каде што е утврдено дека на иста адреса живеалиште пријавиле повеќе од 10 лица од Албанија. Според последниот извештај од МВР,...

„Мост“: Нема услови за фер и демократски избори на 5 јуни

Поради голем број недоследности и прекршувања, а кои се игнорирани од ДИК, констатираме дека Владата и другите институции не успеаја да обезбедат услови за одржување на фер и веродостојни избори на 5 јуни, велат од граѓанската асоцијација „Мост“. Претседателот на „Мост“, Дарко Алексов, вели дека проверките на избирачкиот список не биле транспарентни, а тоа довело до нејасни резултати. - ДИК вложи многу...

ДИК го усвои извештајот за проверките на избирачкиот список, дилемите останаа

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки со шест гласа „за“ и со еден глас „против“. Двајцата членови од СДСМ не присуствуваа на седницата, а „против“ гласаше претседателот на ДИК, Александар Чичаковски. Тој прво изрази сомневање во правната важност на информациите од МВР на кои не е потпишан министерот, што за другите...

ДИК не очекува многу граѓани да направат проверка во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) не очекува голема бројка граѓани кои ќе се пријават за промена на податоците во избирачкиот список. Оттаму велат дека според практиката од минатите изборни години, тој број е мал и без поголеми шанси да направи радикални промени во избирачкиот список. Сепак, за тоа дали ќе се објават бројките на граѓани кои поднеле барање за бришење...

Од денеска течат роковите за собирање потписи за независни пратеници

Од денеска, според роковникот на Државната изборна комисија, сите заинтересирани граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, имаат право да поднесат листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за изборната единица број 7. „Државната изборна комисија ве известува дека собирањето на потписи ќе се изврши пред овластените лица на...

Проверка во избирачкиот списокот и електронски и лично

Државната изборна комисија (ДИК) од денеска го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК, или лично, во подрачните одделенија на комисијата. Рокот за проверка е 15 дена. Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на...

Избирачкиот список од денеска на јавен увид

Од денеска Државната изборна комисија (ДИК) ќе го стави на јавен увид избирачкиот список. Во текот не денот, списокот ќе биде распределен во 34 подрачни единици на ДИК и во следните 15 дена граѓаните ќе можат во подрачните единици да извршат проверка дали ги има во избирачкиот список со точни податоци и доколку забележат какви било неправилности, ќе може да...

ДИК: Изборите ќе чинат 7,5 милиони евра

Седум и пол милиони евра (456,664 милиони денари) е буџетот со кој ДИК ќе ги реализира изборните активности, изгласаа синоќа членовите на Комисијата, со што го усвоија финансискиот план за распределба на средства за предвремените парламентарни избори. Најголем дел од парите, односно 40 милиони денари, ќе бидат наменети за печатење ливчиња, обрасци, записници и упатства. За печати, перничиња, УВ-ламби и спреј,...

МВР: Чавков го доставил избирачкиот список до ДИК без потпис на Спасовски

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, вчера до Државната изборна комисија (ДИК) испратил допис за доставување на криптирано цеде со избирачки список за потребите на комисијата, но без потпис на министерот Оливер Спасовски, соопшти попладнево МВР. Со ова, како што стои во соопштението, бил прекршен ставот 3 од членот 46 од законот за измена на Законот за влада, според кои...

Што и кога треба да направи ДИК до 5 јуни според роковникот?

Денеска, Државната изборна комисија (ДИК) ќе побара од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) да достави список на вработени во државната администрација за членови на избирачките одбори. Ова е првата работа што ДИК треба да ја заврши откако во петокот, без учество на двајцата членови од СДСМ, го усвои роковникот за изборите на 5 јуни. Според овој роковник, изборите во...

ДИК даде амин за избори, Чичаковски и двајцата членови од СДСМ ја напуштиле седницата

Државната изборна комисија со шест гласа „за“ го донесе заклучокот во кој се вели дека избирачкиот список е подготвен за фер и демократски избори, информираат за „Мета“ од ДИК. Претходно, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и двајца членови на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Горан Милев, ја напуштиле седницата и не сакале воопшто да гласаат за оваа точка од...

Заев најави интензивирање на протестите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција уште еднаш порача дека избори на 5 јуни нема да се одржат бидејќи, како што посочи, услови за фер, слободни и регуларни избори нема. - Во земјата е извршен државен удар, урнат е Уставот, погазени се законите, Договорот од Пржино е погребан, а техничката влада ја укинаа со поништување на сите одлуки на министрите...

ДИК побара од МВР повторно да провери повеќе од 160.000 гласачи

Државната изборна комисија им наложи на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Управата за водење матични книги (УВМ) да проверат повеќе од 40.000 гласачи кои не биле дома за време на теренската проверка. Исто така, тие треба да ги проверат и околу 124.000 граѓани кои првично системот на ДИК ги исфрли како неконзистентни, но подоцна членовите одлучија да не ги...

Ангелов ја потпиша платформата за демократска Македонија

Лидерите на СДСМ и на Достоинство, Зоран Заев и Стојанче Ангелов, денеска ја потпишаа платформата за демократска Македонија. Лидерот на опозицискиот СДСМ рече дека зголемувањето на бројот на партии што сакаат да ја потпишат платформата покажува дека сите се обединуваат за иднината на Македонија и на граѓаните. - Денеска потпишавме со една десна партија. Тоа е партијата Достоинство на Стојанче Ангелов,...

СДСМ: Европските социјалисти ги поддржуваат нашите заложби за фер и демократски избори

Партијата на eвропски социјалисти (ПЕС) изразила целосна поддршка на заложбите на СДСМ за одржување фер, демократски и веродостојни избори, информираат од СДСМ. Од опозициската партија велат дека од ПЕС изразиле длабока загриженост од одлуката на Владата да се распушти Собранието и бараат власта да вложи максимални напори за да се обезбедат потребните услови за фер и демократски избори. ПЕС ги нагласува главните...

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот...