fbpx

ДИК не очекува многу граѓани да направат проверка во избирачкиот список

-

Државната изборна комисија (ДИК) не очекува голема бројка граѓани кои ќе се пријават за промена на податоците во избирачкиот список. Оттаму велат дека според практиката од минатите изборни години, тој број е мал и без поголеми шанси да направи радикални промени во избирачкиот список. Сепак, за тоа дали ќе се објават бројките на граѓани кои поднеле барање за бришење на податоци или за пријавување како гласачи, треба денеска да одлучи комисијата на јавна седница, чие одржување се одложува неколку дена.

На последните избори во 2014 година, повеќе од 110.000 граѓани го искористиле своето право и направиле увид за тоа дали се наоѓаат на избирачкиот список. Повеќе од 75.000 избирачи проверката ја направиле преку интернет. Уште 40.000 граѓани проверката ја направиле лично преку подрачните единици на ДИK.

Од денеска, пак, според роковникот на Државната изборна комисија, сите заинтересирани граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, имаат право да поднесат листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за изборната единица број 7.

Рокот за собирање потписи пред ДИК, односно во подрачните одделенија, како и во ДКП, е од 25 април до 9 мај 2016 година.

Од вчера ДИК го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК, или лично, во подрачните одделенија на комисијата.

Рокот за проверка е 15 дена. Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК, додека проверката на веб-страницата на Комисијата се врши само со матичен број.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...