fbpx
Таг: избирачки список

таг: избирачки список

Преговорите завршија, партиите не постигнаа договор

Завршија маратонските преговори на претставниците на политичките партии во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, но договор ниту денеска не е постигнат, јави „Нова ТВ“. Како што изјави амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, договор не е постигнат само поради едно прашање, но ниту по инсистирањето на новинарите, тој не откри за кое прашање станува збор. Неофицијално, партиите не можат да се...

Шекеринска: Се надеваме дека вечерва ќе постигнеме договор

По три и пол часа разговори, претставниците на политичките партии си заминаа од резиденцијата на Европската Унија во Пржино, на консултации со раководствата на партиите. Како што информираа, вечерва во 18.30 часот тие ќе ги продолжат преговорите. Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, кусо изјави дека се надева денеска да биде постигнат конечен договор. Како што дознаваме, претставниците на политичките партии, Никола...

Договор нема, преговорите продолжуваат утре

Без договор заврши маратонската преговарачка сесија на работните групи на политичките партии со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список. Амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време. - Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да...

Заев – Нуланд: На следните избори мора да победи слободната волја на граѓаните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со делегација од партијата, се сретна со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, и со амбасадорот на САД, Џес Белји. На средбата се разговарало за политичката криза во Македонија и за начините за нејзино решавање. „Заеднички е констатирано дека мора да се обезбеди прочистен, доверлив избирачки список и објективно известување на медиумите и дека...

Ахмети – Нуланд: Решението на кризата се демократски избори

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска ја уверил Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, дека ДУИ е најконструктивна за наоѓање решение и за брзо постигнување компромис во актуелната криза во земјава, информираат од партијата. Во соопштението на ДУИ пишува дека Ахмети и Нуланд, отворено и пријателски разговарале за начините...

Денеска во Пржино партиите продолжуваат со преговорите

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, денеска во 12.30 часот, во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, ќе разговараат за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список. На средбата се очекува да присуствуваат истите претставници на партиите како вчера, односно Рената Дескоска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Имер Алиу...

И за исходот се разногласни: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оптимисти, за СДСМ нема напредок

Владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се задоволни од денешната рунда преговори и сметаат дека е постигнат напредок во разговорите што денеска се одржуваа во резиденцијата на ЕУ во Пржино со посредништво на амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли. Претставниците на владината коалиција ова го изјавија пред медиумите по завршувањето на средбата. Од друга страна, опозицискиот СДСМ, по завршувањето на средбата, со...

Ахмети и Хајндл разговарале за избирачкиот список и за медиумите

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл и со амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер, денеска разговарал за политичката ситуација во земјата и за можните решенија за излез од политичката криза. Како што се наведува во партиското соопштение, Ахмети истакнал дека ДУИ е заинтересирана преостанатите прашања да се решат што е можно побргу и реформите да се...

ДИК и партиите и денеска не најдоа решение за спорните гласачи

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, по денешниот состанок на работната група во Државната изборна комисија, рече дека не е постигнат никаков напредок околу планот за прочистување на избирачкиот список. - ДИК требаше да направи доработка на планот што го предложивме ние, но денеска добивме сосема нов предлог, кој воопшто не ги адресира проблемите со избирачкиот список. Ова само значи дека Никола...

„Студентски пленум“: СПУКМ со специјалци насилно ги собра кутиите од гласањето

„Студентски пленум“ на својата страница на „Фејсбук“ ги повикува сите студенти и граѓани да одат пред студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, затоа што, како што пишуваат, членови на СПУКИМ, заедно со припадници на специјалните полициски сили, насилно ги грабнале гласачките кутии од денешните избори. „Сите пред „Кузман“ студентскиот дом. Пред 20 минути насилно беа украдени четири гласачки кутии и беа донесени...

Димитриев: Очекувам прашањето за избирачкиот список наскоро да биде затворено

Премиерот Емил Димитриев денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието рече оти се надева дека разговорите што ги водат политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, околу прочистувањето на избирачкиот список, наскоро ќе завршат, со услогласување на нивните ставови и ова прашање ќе биде конечно затворено. - Информиран сум дека предмет на разговори помеѓу политичките партии е и новиот обид за...

Тачи и Суомалаинен разговарале за политичката криза

Мендух Тачи, претседателот на ДПА, денеска во седиштето на партијата во Тетово, се сретна со Нина Суомалаинен, шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата се разговарало за политичката криза во земјава, како и за начините за нејзино решавање. Од партијата информираат дека Тачи ги презентирал ставовите на ДПА за излез од политичката криза, но и начините за забрзување на процесот...

Завршија билатералните средби во Пржино, партиите далеку од договор

Завршија билатералните средби на претставниците на четирите најголеми политички партии со посредниците од Европската Унија и од САД. Ниту еден од претставниците не е премногу оптимист и никој не сака да даде прогноза кога може да се очекува некаков напредок. Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во изјава за медиумите рече дека денеска соопштиле дел од нивните иницијативи, но немале можност да...

Чичаковски: Од 226.000 спорни гласачи, за 71.000 нема никаква евиденција

Од 226.000 спорни гласачи во избирачкиот список, за 71.000 гласачи нема никаква евиденција, изјавил денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, по состанокот на работната група за избирачки список, пренесува „Утрински весник“. Според Чичаковски, допрва ќе се преговара што ќе биде со овие 71.000 гласачи за кои вкрстената проверка покажала дека не се наоѓаат во ниту една база...

ВМРО-ДПМНЕ: Избирачкиот список е чист, ДИК да го увери и СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ја повика Државната изборна комисија да изврши дополнителни активности за прочистување на избирачкиот список за да го увери СДСМ дека списокот е веќе прочистен. „ВМРО-ДПМНЕ прифаќа секаков предлог и методологија што што ќе ја побараат членовите на СДСМ во ДИК. Ние знаеме дека избирачкиот список е чист. Тоа го знае и СДСМ, но не сака јавно да го признае. Затоа измислуваат...

Коалицијата за промени и правда бара преговорите да се одвиваат пред камери

Коалицијата за промени и правда смета дека во процесот на преговори мора да се вклучат и другите релевантни политички партии, како и граѓанскиот сектор и медиумите и дека разговорите мораат да бидат транспарентни и пред камери. „Предлагаме да се формира реформска (експертска) влада која ќе има обврска да спроведе коренити реформи и да создаде услови за рамноправен политички натпревар и...

Германија бара брзи избори и техничка влада

Актуелната состојба во Македонија е загрижувачка! Ова пред членовите на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг претпладнево го презентираше Михаел Рот, државен секретар во германското МНР, пренесе „Сакам да кажам“. Како што вели за порталот, Торстен Фрај, член на Комисијата и пратеник од редовите на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот, извесно олеснување донесе повлекувањето на аболицијата, со што е исполнет...

Попоски: СДСМ ќе мора да покаже дека е сериозен во врска со одржувањето на изборите

Охрабрува фактот дека СДСМ конечно е свесен дека деструктивна политика наидува на сè поголема осуда од граѓаните, реагираше денеска Никола Попоски по повод прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Станува очигледно дека партијата сè уште нема покажано капацитет да излезе од агонијата и конечно да почне со конструктивна политика, во интерес на сите граѓани. Останува и впечатокот дека...

Сугарески: Димитриев повеќе од 100 дена е премиер, а на пратенички прашања сè уште не одговарал

Зошто Трајко Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат да свикаат собраниска седница за поставување пратенички прашања, праша денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески. - Поминаа многу повеќе од 100 дена откако Емил Димитриев застана на премиерската позиција, но собраниска седница за поставување пратенички прашања  сè уште нема закажано. Собранието одреден период не работеше, поради едностраната и неуставна...

Трибина: Политичкото влијание во ДИК причина за непрочистениот избирачки список

Преголемата моќ и големата улога на политичките партии во Државната изборна комисија е главниот проблем што избирачкиот список во Македонија се уште не е прочистен. Ова е ставот на дел од учесниците на денешната трибина, „Каков Избирачки список и попис и се потребни на Македонија“. - Во Државната изборна комисија треба да учествуваат што поголем број на експерти, треба да...