fbpx

Ахмети – Нуланд: Решението на кризата се демократски избори

-

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска ја уверил Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, дека ДУИ е најконструктивна за наоѓање решение и за брзо постигнување компромис во актуелната криза во земјава, информираат од партијата.

Во соопштението на ДУИ пишува дека Ахмети и Нуланд, отворено и пријателски разговарале за начините како да се реши политичката криза во земјата и за враќање на евроатлантската агенда. Нуланд ја изразила проценката на САД за конструктивната улога на Ахмети кон постигнување решение, како и тесната соработка со американските власти.

„Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро“, рекол Ахмети.

Лидерот на ДУИ ја информирал Нуланд и за предлозите на ДУИ за прочистување на избирачкиот список и за медиумите, како и за потребата двете страни да се договорат дека се исполнети условите за избори, а потоа да се одреди датум за предвремени избори.

„Соочувајќи се со ризик од различни влијанија, Ахмети побара поддршка од Америка за следење на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и во ЕУ, при што Нуланд истакна дека тоа е заедничка цел“, се наведува во соопштението од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...