fbpx

И за исходот се разногласни: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оптимисти, за СДСМ нема напредок

-

Владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се задоволни од денешната рунда преговори и сметаат дека е постигнат напредок во разговорите што денеска се одржуваа во резиденцијата на ЕУ во Пржино со посредништво на амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли.

Претставниците на владината коалиција ова го изјавија пред медиумите по завршувањето на средбата. Од друга страна, опозицискиот СДСМ, по завршувањето на средбата, со соопштение до медиумите реагираше дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски бегаат од фер и демократски избори.

„На денешната рунда преговори не е постигнат напредок во преговарачкиот процес. Владејачката коалиција не дозволува прочистување на избирачкиот список и вистински реформи во медиумите. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во континуитет бегаат од фер и демократски избори“, кусо соопштија од партијата.

Артан Груби по завршувањето на средбата рече дека е оптимист и се надева дека со конструктивен пристап наскоро ќе има договор. Тој истакна дека околу избирачкиот список за неговата партија е битно да не се бришат гласачите со право на глас само за да се добијат политички поени.

– Гледам доближување на ставовите и предлозите се речиси достапни за сите. Се надевам дека со конструктивен пристап и со мали отстапки од партиите, конечно ќе постигнеме договор – изјави Груби по средбата.

Тодоров рече дека денеска генерално разговарале за две работи – прочистувањето на избирачкиот список и медиумските реформи.

– Во однос на денешната средба, сметам дека има благо доближување на ставовите – рече Тодоров.

Од партиите најавија дека деновиве ќе се одржи уште една ваква работна средба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...