fbpx

Управниот суд ја поништи лустрацијата на уредничката на „Фокус“, Јадранка Костова

-

Управниот суд го поништи решението на Комисијата за верификација на фактите за лустрација на новинарката Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“.

Решението за лустрација на Костова беше донесено на 26 март 2015 година. Неколку месеци подоцна, парламентарното мнозинство изгласа прекинување на процесот на лустрација. Конкретно, од 1 септември 2015 година, Комисијата нема мандат да поведува нови постапки.

Пресудата со која Управниот суд го поништува решението за лустрација на Костова, од судот ја објаснуваат со фактот дека е прекршен членот 31, став 3 од законот, кој налага задолжително да биде известено лицето за кое се врши проверка, со што „му се овозможува активна улога во утврдување на сите факти и околности од важност за утврдување на материјалната вистина како основа и услов за правилна примена на материјалното право“.

Против оваа пресуда дозволена е жалба до Вишиот управен суд во рок од 15 дена од приемот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...