fbpx

Сугарески: Димитриев повеќе од 100 дена е премиер, а на пратенички прашања сè уште не одговарал

-

Зошто Трајко Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат да свикаат собраниска седница за поставување пратенички прашања, праша денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.

– Поминаа многу повеќе од 100 дена откако Емил Димитриев застана на премиерската позиција, но собраниска седница за поставување пратенички прашања  сè уште нема закажано. Собранието одреден период не работеше, поради едностраната и неуставна одлука на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, но Владата на Емил Димитриев функционираше, барем официјално. Откако едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ самите ја повлекоа, според собранискиот деловник, Вељаноски имаше обврска да закаже седница за пратенички прашања, вообичаено, секој последен четврток во месецот. Но ВМРО-ДПМНЕ се плаши од граѓаните, се плаши од вистината. Очигледно и во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ знаат дека Владата на Емил Димитриев ги нема спроведено потребните реформи за веродостојни избори, за што беше избрана – рече Сугарески.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ рече дека една од причините што сè уште не се создадени услови за слободни, фер и веродостојни избори е тоа што Емил Димитриев одработувал партиска агенда на ВМРО-ДПМНЕ, а не државна агенда.

– Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, Специјалното јавно обвинителство е под постојани опструкции, има селективна правда. Намерно се создаваше дополнителен хаос, на штета на граѓаните, со незаконските одлуки со кои се поништија сите одлуки на министрите од опозицијата – обвини Сугарески.

Тој побара во најкус рок да се свика седница за поставување на пратенички прашања, затоа што граѓаните имаат право да слушнат што работеле и што работат министрите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...