ДИК и партиите и денеска не најдоа решение за спорните гласачи

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, по денешниот состанок на работната група во Државната изборна комисија, рече дека не е постигнат никаков напредок околу планот за прочистување на избирачкиот список.

– ДИК требаше да направи доработка на планот што го предложивме ние, но денеска добивме сосема нов предлог, кој воопшто не ги адресира проблемите со избирачкиот список. Ова само значи дека Никола Груевски се обидува да нè изигра и дека не сака фер и демократски избори. Затоа цело време се обидува да ги одложи. Потврда за ова е и неговото однесување за време на преговорите – рече Манчевски.

Работната група треба да донесе заклучок како да се евидентираат тие гласачи за кои во вкрстените проверки не се пронајдени никакви податоци во ниту една база.