fbpx

Проверка во избирачкиот списокот и електронски и лично

-

Државната изборна комисија (ДИК) од денеска го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК, или лично, во подрачните одделенија на комисијата.

Рокот за проверка е 15 дена. Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК, додека проверката на веб-страницата на Комисијата се врши само со матичен број.

Граѓаните, всушност, вршат увид во избирачки список во кој не е внесена никаква промена, затоа што процесот на ажурирање сè уште трае. Се очекува деновиве ДИК да усвои извештај во кој ќе бидат внесени прочистени податоци.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...