fbpx

Што и кога треба да направи ДИК до 5 јуни според роковникот?

-

Денеска, Државната изборна комисија (ДИК) ќе побара од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) да достави список на вработени во државната администрација за членови на избирачките одбори. Ова е првата работа што ДИК треба да ја заврши откако во петокот, без учество на двајцата членови од СДСМ, го усвои роковникот за изборите на 5 јуни. Според овој роковник, изборите во конзуларно-дипломатските претставништва ќе се одржат на 4 јуни.

Откако во рок од пет дена (23 април 2016 г.) МИОА ќе ги достави списоците со имињата на вработени во државната администрација, ДИК исто така за пет дена (28 април 2016 г.) ќе мора да ги формира општинските изборни комисии.

Според роковникот на ДИК, ова се поважните датуми:

  • 17 април  – Политичките партии можат да ги отворат трансакциските сметки за трошоци во изборната кампања. Тоа можат да го сторат најдоцна до 15 мај 2016 г.;
  • 20 април – Медиумите до ДИК мора да достават ценовник за платено политичко рекламирање;
  • 25 април – Избирачкиот список се става на јавен увид кој трае 15 дена, односно до 9 мај;
  • 25 април– Почеток на собирање потписи за предлагање листа на кандидати за пратеници од група на избирачи. Потписите се собираат 10 дена, односно до 9 мај;
  • 30 април – ДИК доставува барање до партиите на власта и на опозицијата кои на последните избори имале најмногу пратеници да предложат членови за избирачкиот одбор. Партиите предлозите треба да ги достават во рок од пет дена;
  • 14 мај – Ждрепка за редоследот на кандидатите на гласачкото ливче;
  • 16 мај – Почеток на изборната кампања;
  • 26 мај – ДИК го заклучува избирачкиот список;
  • 29 мај – Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа, за тоа треба да ја извести ОИК;
  • 31 мај– Организациите и лицата доставуваат барање за набљудување до ДИК;
  • 2 јуни – ДИК го предава изборниот материјал на ОИК;
  • 3 јуни – Крај ја изборната кампања (24.00 часот);
  • 4 јуни  – Гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и притворените, како и гласачите во дијаспората;
  • 5 јуни – Гласаат граѓаните на Република Македонија;
  • 19 јуни – Евентуално прегласување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...