fbpx
Таг: Hristijan Mickoski

таг: Hristijan Mickoski

Контраспин: Споредбата на цената на струјата во регионот без наведување на факторите е спин

Наведување само на цените на електричната енергија за компаниите и граѓаните во С. Македонија и споредба со некои земји од регионот е методолошки спин. Спин е, затоа што во секоја земја различно, повеќе фактори ја определуваат цената, а тоа е количеството домашно производство и цената на истото, регулираниот и нерегулираниот пазар, т.е. кои компании се на кој пазар, потрошувачката...

Мицкоски отиде да се сретне со Орбан во Будимпешта, каде што пребегна Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска се во посета на Будимпешта, каде што остварија средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан. „На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна ставовот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде...

Ципрас: Мицотакис ќе го моли Мицкоски да не го отфрла договорот за името

Поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се осврна и на Договорот од Преспа, велејќи дека тие се горди на решението меѓу двете земји, а паралелно упати критики и до актуелниот претседател на грчката влада, Кирјакос Мицотакис во...

Мицкоски не гледа потреба да присистува на лидерската средба во петок

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не ја гледа потребата да присуствува на лидерската средба на која повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за в петок во 14 часот. - Господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара...

Мицкоски му одговори на Мичел: Секогаш е најтемно пред зората, Договорот е неприфатлив

„Овој Договор е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е НЕПРИФАТЛИВ (големите букви се на Мицкоски, н.з.) за ВМРО-ДПМНЕ и за огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, што впрочем и се покажа на последниот референдум, каде што и покрај бруталното и насилничко полнење на кутиите од страна на луѓе блиски до Владата, сепак...

Мичел до Мицкоски: Дајте им простор на пратениците да одлучат како ќе гласаат за уставните промени

Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, во писмо испратено денеска до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара првиот човек на најголемата опозициска партија да се заложи и јавно и приватно да им се отвори простор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени во Собранието да се изјаснуваат по своја волја. Седницата за уставните измени почна...

Николоски: Пратениците што се против уставни измени не се против ставот на Мицкоски

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што на своите профили на социјалните мрежи напишаа дека нема да поддржат уставни измени не се противат на ставот на партискиот претседател Христијан Мицкоски, туку само го пренесуваат расположението на народот, одговори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на новинарско прашање дали ваквите искази на пратениците се одраз на нов партиски став кој е против она што...

Мицкоски: Секој граѓанин да се изјасни според сопственото убедување

По одржаните состаноци со Централниот и Извршниот комитет, а имајќи во предвид сето она што претходно го напоменав и јасниот став дека овој Договор е неприфатлив за нас, како и тоа дека се работи за надпартиско прашање, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ноќеска, по завршувањето на состаноците на највисоките...

Мицкоски: Партијата привршува со консултациите за референдумот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговарале за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум, информираат од партијата. Од таму велат дека „Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава.“ „Воедно...

СДСМ: Мицкоски, граѓаните се на прво место, тие не се статистичка грешка

Несериозноста и антидржавното однесување на Христијан Мицкоски отидоа дотаму што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јавно изјави дека за него граѓаните се статистичка грешка. Граѓаните не се и нема да бидат некаква грешка, како што вели Мицкоски. Граѓаните се најважни, тие се на прво место, порача СДСМ реагирајќи на вчерашната изјава на Мицкоски. „Која е причината што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште...

Мицкоски: Владата ги фрли земјоделците на коленици

Земјоделците се фрлени на коленици и оставени сами на себе и тоа мора да се смени. Се работи за непочит на трудот на илјадници семејства кои се прехрануваат од земјоделието, се работи за незнаење, неспособност и немање на план, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја Владата дека не придонела ништо за подобрување на состојбата на земјоделците, туку...

Мицкоски до 10 септември ќе се изјасни за референдумот, од СДСМ велат дека е несериозен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата „Канал 5“ вчера рече дека до 10 септември ќе соопшти дали ќе го повика членството да го бојкотира референдумот за името на 30 септември, или пак да гласа против или за. Тој исто така негираше дека неговата партија барала амнестија. На неговите тврдења реагираше СДСМ, порачувајќи дека сепак Мицкоски потврдил...

Мицкоски на Палмер му се пожалил дека власта избегала од компромис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средбата, заедно со партиска делегација, со заменикот-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, порачал дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Македонија „стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат“, соопшти...

Фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Неславно заврши епизодната улога на Мицкоски

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ денеска порача дека вчерашната лидерска средба била дебакл на ВМРО-ДПМНЕ, поради однесувањето на преговарачите од партијата, во кои е и партискиот лидер Христијан Мицкоски. Порачуваат дека партијата мора да престане да биде заштитник на Никола Груевски. „По вчерашниот дебакл на лидерската средба по која го видовме вистинското лице и улога на преговарачите на ДПМНЕ сега е вистински...

Мицкоски: Се запира процедурата за избор на ДИК со просто мнозинство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека Владата се согласила со барањата на партијата за техничка влада, според Пржинскиот принцип за секои следни избори и додаде дека е задоволен што постигнале договор за Законот за финансирање на политички партии кој ќе гарантира транспарентност и ќе спречи евентуални злоупотреби. - Се договоривме да се стопира и повлече предлогот на Владата, гласањето...

Нова средба на лидерите на четирите најголеми партии

Лидерите на четирите најголеми партии, владејачките СДСМ и ДУИ и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и крилото на Беса на Билал Касами денеска повторно седнаа во Клубот на пратениците во Скопје. Тие ќе се обидат да постигнат договор за претстојниот референдум за промената на името, односно за датумот на неговото одржување, формата на референдумското прашање и изборот на Државната изборна комисија, која треба да го...

Мицкоски: Излеговме поради Изборниот законик и неприсуството на сите партии

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера ја напушти лидерската средба во Клубот на пратениците по еден час, набргу образложи дека тоа е направено поради, како што рече, неделовничкото донесување измени на Изборниот законик за да се избира Државната изборна комисија (ДИК) без опозицијата, како и поради неприсуството на средбата на сите парламентарни партии. Сепак, на средбата остана Социјалистичката партија на...

Мицкоски: Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО

Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО затоа што имаме неспособна влада, повикувам на протест во Кавадарци, в недела во 13 часот, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео обраќање. Тој ја обвини актуелната власт дека посеала опасен отров, молчи за неправдите и не се грижи за граѓаните. - Дојдоа на власт со ветување за...

Мицкоски побара средби со Иванов и Заев и оставка од Димитров

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција денеска повторувајќи голем дел од пораките од вчерашната прес-конференција во врска со постигнатиот договор на македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, побара да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов за да дискутираат за ситуацијата, а побара и средба со Заев на која ќе му биде презентиран пишаниот документ за...

Заев и Мицковски утревечер на прв ТВ дуел на МТВ

Македонската телевизија утревечер во 20 часот, ќе го организира првиот ТВ дуел меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, јави МИА. ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица беше прифатена од премиерот. За организатори на овој прв ТВ дуел меѓу првите луѓе од власта и...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...