Таг: Газа

таг: Газа

Бројот на убиени во Газа од почетокот на војната надмина 20.000

Како што хуманитарната состојба во Газа континуирано се влошува, така и преговорите за примирје во регионот континуирано се комплицираат. Според Министерството за здравство во Газа, бројот на жртви во Газа надминал 20.000, известува Би-би-си. Советот за безбедност на Обединетите нации повторно го одложи гласањето за примирје во Газа, со цел реформулирање на резолуцијата за да биде прифатлива за САД. Претставници...

Лидерот на Хамас пристигна на преговори во Египет

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех пристигна во Египет за да се сретне со египетски посредници во преговорите со Израел. Се смета оти ќе се преговара околу воведување примирје во Газа, известува Би-би-си. Ханијех, инаку, живее во Катар. Според Гардијан, средби меѓу премиерот на Катар и високо рангирани членови на ЦИА поминале „позитивно“. Сепак, еден од присутните на средбите рекол дека...

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за резолуција за примирје во Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе гласа за резолуција за примирје во Газа. Се очекуваше вчера да се одржи гласањето, но истото беше одложено за да се допрецизира формулацијата на барањето на резолуцијата, известува Би-би-си. Конкретно, се ублажува барањето на „прекин на огнот“ во „суспензија на огнот“, со цел да се добие поддршка и од Соединетите...

Израел бомбардираше камп за бегалци во Газа, најмалку 90 загинати

Синоќа израелските одбранбени сили го бомбардираа кампот за бегалци Џабалија, кој се наоѓа на северот на појасот Газа. Според Mинистерството за здравство на Газа, во нападот има најмалку 90 загинати, известува Гардијан. Ова не е првпат кампот Џабалија да биде бомбардиран од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Газа, кој започна на 7 октомври. Џабалија беше таргетиран на 31 октомври. Дополнително,...

Болницата „Ал-Шифа“ во Газа е во локви крв, предупредува СЗО

Одделот за итни случаи во болницата „Ал-Шифа“ во северниот дел на Газа е „во локви крв“ и на установата „ѝ треба реанимација“, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Оттаму информираа дека десетици илјади раселени луѓе ја користат зградата на болницата и терените како засолниште и предупреди дека има сериозен недостиг од вода за пиење и храна. Салите за операции не функционираат...

Протести во Тел Авив откако војската призна дека убила тројца заложници во Газа по грешка

Израел денеска тагува за смртта на тројцата заложници од Газа, кои се убиени поради грешка на израелските војници, а војската изрази каење за „трагичниот“ инцидент што предизвика протести во Тел Авив, пренесува Гардијан. Тројцата убиени биле меѓу 240 лица кои се земени како заложници за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври годинава, во кои загинаа и...

Израел ќе се бори до „апсолутна победа против Хамас“

Израелскиот министер Бенјамин Нетанјаху на состанок со американскиот претседател Џо Бајден изјавува дека Израел ќе се бори до „апсолутна победа против Хамас“, што значи дека војната може да трае и повеќе од неколку месеци, пренесува Гардијан.  „Им реков на нашите американски пријатели дека нашите херојски борци не паднале залудно. Од длабоката болка по нивниот пад, ние сме порешителни од било...

Во израелски воздушни напади загинаа 19 луѓе, Нетанјаху вели дека ништо нема да ги спречи до целосно уништување на Хамас

Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека во израелските воздушни напади утринава загинале најмалку 19 лица, пренесува Би-би-си. Пред доаѓањето на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, има зголемени знаци на несогласување меѓу Израел и неговиот најблизок сојузник, САД. Неделава претседателот Џо Бајден го обвини израелското „недискриминирачко бомбардирање“ на Газа за...

Несогласувања меѓу САД и Израел додека ОН со мнозинство гласа за прекин на огнот

Израел и Соединетите Американски Држави (САД) покажаа досега најсилно јавно несогласување досега околу иднината на војната против Хамас, со оглед на тоа што двата сојузника стануваат се поизолирани од глобалните повици за прекин на огнот, пренесува Гардијан.  Несогласувањата, според Асошиејтед Прес, се појавиле во вторникот додека израелските сили извршиле напади низ Газа, уништувајќи палестински домови. Претседателот Џо Бајден му кажал...

Стејт департмент: Израел да вложи напор за заштита на цивилите во Газа

Израелскиот напад врз Појасот Газа продолжува. Вчера влегоа тенкови во центарот на јужниот град Кан Јунис, каде голем број Палестинци моментално престојуваат откако им беше кажано од израелските сили дека градот е безбедна зона, известува Би-би-си. На цивилите сместени во Кан Јунис, кој во 2017 имал околу 200.000 жители, денес им беше соопштено од израелските сили да се преместат во...

Хамас нема да ослободи повеќе заложници ако истото не го стори и Израел

Хуманитарната ситуација продолжува да се влошува, а се чини дека шансата за постигнување договор за примирје станува сè помала, известува Би-би-си и додава дека Хамас не е подготвен да ослободи повеќе заложници сè додека Израел не се согласи да ослободи палестински затвореници. За време на претходното примирје, кое траеше од 24 до 30 ноември, беа ослободени 105 заложници од Хамас...

Големи воени акции во Газа, Израел напредува во Хан Јунис

Во текот на ноќта, во Појасот Газа во Израел продолжија жестоките борби во градот Хан Јунис, додека Израел со целата воена моќ продираше во градот, откако од САД беа блокирано последните меѓународни напори да сопрат судирите и испратија дополнителна муниција на својот цврст сојузник, пишуваат светските новински агенции. Израел се соочува со меѓународно-организирано противење и повици за прекин на судирите...

САД ставија вето на резолуцијата на ООН за итен хуманитарен прекин на огнот во Газа

Соединетите Американски Држави ставија вето на резолуцијата на Обединетите нации со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа. Гласањето во ОН дојде откако генералниот секретар Антонио Гутереш за прв пат се повика на членот 99 од Повелбата на ОН, кој му овозможува да ги искаже заканите што ги гледа за меѓународниот мир и безбедност. Тој предупреди...

Советот за безбедност на ОН ќе заседава за Газа, ОН предупредува на нови раселувања

Откако генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш се повика на членот 99 од Повелбата на ОН, Советот за безбедност денеска ќе треба да заседава за состојбата на Блискиот Исток, јавува весникот Гардијан. Гутереш бара хуманитарен прекин на огнот во Газа за да се спречи катастрофа со потенцијално неповратни импликации за Палестинците, но и за целиот Блиски Исток. Тој го...

Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Украина и Израел

Републиканските членови во американскиот Сенат го блокираа потегот за усвојување на нацрт-законот за помош на Украина, откако не успеаја да обезбедат компромиси за зголемување на контролата над јужната граница на САД што ги бараа во замена. Пакетот од 110 милијарди долари вклучуваше 61 милијарди за Украина, како и средства за Израел и помош за Газа, пренесува Би-би-си. Белата куќа предупреди дека...

Хуманитарниот систем во Газа е под „сериозен ризик од колапс“, вели Гутереш

Генералниот секретар на Обединети Нации (ОН), Антонио Гутереш, вели дека Газа се соочува со „сериозен ризик од колапс на хуманитарниот систем“. Гардијан го пренесува неговото писмо, во кое истакнува дека хуманитарниот систем на Газа е во опасност од колапс по два месеци војна што создала „ужасно човечко страдање“. Тој се повикува на членот 99 од Повелбата на ОН, кој вели...

Десетици убиени во напад врз градот Деир ал Балах во централна Газа

Десетици Палестинци починале поради израелски напад врз засолништа во кои се сместени раселените луѓе во градот Деир ал-Балах во централна Газа, вели шефот на локалната болница, пренесува Гардијан. „Имаме 45 жртви од израелското бомбардирање на куќите на три семејства во Деир ал Балах во изминатиот час“, изјави во вторникот д-р Ејад Ал-Џабри, шеф на болницата. Новинар на Асошиејтед прес во болницата...

Израел започна офанзива на југот од Газа, се подготвува и систем на водени пумпи за поплавување на тунелите на Хамас

Обединетите нации предупредуваат за уште попеколно сценарио во Појасот Газа, каде операциите за помош може да бидат неспособни да одговорат, пишува Би-би-си. Израелската војска соопшти дека презема „агресивна“ акција против Хамас и другите вооружени групи во Кан Јунис во јужниот дел на Газа. Наредена е евакуација на една петина од градот, а во областа имало дополнително силно бомбардирање во текот...

Израелската армија навлегува во целата Газа, наредена евакуација на цивилите

По прекинот на примирјето меѓу Израел и терористичката организација Хамас во петокот и продолжувањето на борбените дејствија, израелската армија соопшти денеска дека навлегува копнено на целата територија на Газа. Истовремено, упати апел за евакуација на цивилите од отприлика 20 подрачја на палестинската енклава. Израелската армија полека напредува кон југ, додека хуманитарните организации продолжуваат да алармираат дека жителите на Газа бегаат...

Пеколот на земјата се врати во Газа, борбите продолжуваат

Борбите во Газа продолжуваат, откако пропаднаа разговорите за продолжување на еднонеделното примирје со Хамас и посредниците рекоа дека израелските бомбардирања ги комплицираат обидите за повторно прекинување на воените дејствија, пишува Ројтерс. Најинтензивни бомбардирања има во источните области на Кан Јунис во јужна Газа каде чад постојано се издига кон небото, соопштуваат новинарите на Ројтерс од терен. Жителите бегааат, со лични предмети...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од...