вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: фејсбук | 216 резултати

Левица и Христијан Мицкоски потрошиле најмногу пари на Фејсбук во изборната кампања (инфографик)

19 октомври 2021

Во време на предизборната кампања за локалните избори, од 13 септември до 12 октомври најмногу платени реклами на Фејсбук имале политичката партија Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави Рефлектор. Левица во тој период потрошила 8.353 евра, Мицкоски 7.068 евра само за рекламирање на социјалната мрежа Фејсбук. Следен на листата е претседателот на СДСМ […]

Фејсбук ќе ангажира 10.000 лица во Европа за изградба на својот „метаверзум“

18 октомври 2021

Фејсбук планира да ангажира 10.000 луѓе во Европската Унија кои треба да работат на развивање на таканаречениот „метаверзум“, јави „Би-би-си“. Метаверзумот на Фејсбук е онлајн простор каде луѓето ќе можат да работат, комуницираат и играат игри во виртуелна средина, со користење на слушалки за виртуелна реалност. Неговата изградба е еден од најголемите приоритети на технолошката […]

Апликациите на Фејсбук беа недостапни повеќе од шест часа поради „внатрешно техничко прашање“

5 октомври 2021

Најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук и нејзините платформи Инстаграм и Вотсап во текот на вчерашниот ден беа недостапни за корисниците повеќе од шест часа. Од Фејсбук објаснија дека се работи за внатрешно техничко прашање, кое не само што влијаело на услугите на социјалните мрежи, туку, наводно, ги погодило и работните електронски адреси на вработените […]

Фејсбук ги спои Инстаграм и Месинџер – сега корисниците на двете платформи комуницираат непречено

4 октомври 2021

На почетокот на овој месец Фејсбук и Инстаграм пуштија во употреба нова функција, која со најновите ажурирања може да се користи во двете апликации. По две години подготовки, отсега корисниците ќе можат да разменуваат пораки меѓу Инстаграм и Месинџер, соопшти Фејсбук. На Месинџер корисниците ќе можат да ги видат своите Инстаграм контакти и преку Месинџер […]

Фејсбук ќе потроши 50 милиони долари во изградба на „метаверзумот“, се откажа од „Instagram Kids“

28 септември 2021

Фејсбук објави фонд од 50 милиони американски долари, за кој вели дека ќе му помогне да го развие својот „метаверзум“ поодговорно. Според информациите, средствата од овој фонд во наредните две години ќе бидат инвестирани во програми и надворешни истражувања. Својот „метаверзум“, Фејсбук го опишува како „следната компјутерска платформа“, а компанијата вели дека ќе работи со […]

„Вотсап“ доби казна од 225 милиони евра од европските регулатори за заштита на податоци

3 септември 2021

Ирската комисија за заштита на податоците ја казни апликацијата за пораки „Вотсап“ со 225 милиони евра, јави „Би-би-си“. Казната се однесува на истрагата која започна во 2018 година, а која се водеше околу тоа дали апликацијата била доволно транспарентна за тоа како постапува со информациите за корисниците. „Вотсап“  оттогаш неколку пати ги промени политиките за […]

Фејсбук го претстави својот нов голем проект – виртуелни онлајн состаноци со колеги аватари

20 август 2021

Фејсбук ја претстави својата нова апликација за виртуелна реалност „Horizon Workrooms“ која е изградена околу нивните сетови за виртуелна реалност „Oculus Quest 2“. Апликацијата во основа ќе реплицира виртуелни состаноци во конференциска сала со колеги кои се претставени како аватари. Отворената бета верзија на апликацијата е достапна за преземање на „Oculus Quest 2“ во оние […]

Фејсбук забрани содржини кои ги поддржуваат и промовираат талибанците

17 август 2021

„Фејсбук“ соопшти дека го забранува присуството на талибанците, како и секоја содржина која го промовира нивното движење на платформата, бидејќи смета дека групата е терористичка организација. Компанијата вели дека има тим од авганистански експерти кои ги разбираат локалните проблеми во Авганистан и ги надгледуваат и отстрануваат содржините поврзани со групата. Талибанците со години ги користат […]

Фејсбук се подготвува за иднината во „метауниверзумот“, спој на реалноста и виртуелноста

27 јули 2021

Компанијата Фејсбук го подготвува продукцискиот тим што ќе работи на „метауниверзум“, дигитален свет каде што ќе се спојат реалноста со виртуелноста во визија за научна фантастика која што веќе се користи во видео игрите, пишува „Јуроњуз“.  „Можете да размислите за „метауниверзумот“ како олицетворен интернет, каде наместо да гледате само содржина – вие сте во неа“, […]

Фејсбук ќе им исплати милијарда долари на креаторите до крајот на 2022 година

15 јули 2021

До крајот на 2022 година, Фејсбук планира да инвестира над една милијарда долари во програми кои им овозможуваат на креаторите нови начини да заработат пари од содржините што ги создаваат на Фејсбук и Инстаграм. Оваа вест ја соопшти првиот човек на „Фејсбук“, Марк Закерберг, кој повеќе детали за плановите најави наскоро. „Сакаме да ги изградиме […]

Фејсбук нема да ги отстранува објавите со тврдења дека ковид-19 потекнува од човекот

28 мај 2021

Фејсбук одлучи да ја промени својата политика, односно повеќе да не ги отстранува објавите во кои се тврди дека вирусот ковид-19 потекнува од човекот. Одлуката доаѓа по повторното актуелизирање на темата за потеклото на вирусот во медиумите и по наредбата на американскиот претседател Џо Бајден за разузнавачките служби да ја истражат хипотезата дека вирусот излегол […]

Фејсбук ќе поттикнува првин да го прочитате текстот што го споделувате

11 мај 2021

Следниот пат пред да споделите некој текст на Фејсбук пред да го прочитате, социјалната мрежа би можела да Ве потсети да размислите што правите. Фејсбук најави дека почнува со тестирање на нова функција, која ги потсетува корисниците да ги отворат линковите и да ги прочитаат текстовите пред да ги споделат на својот профил или на […]

„Фејсбук“ да го откаже планот за детска верзија на Инстаграм, бараат експерти за јавно здравје

17 април 2021

„Кампањата за без комерцијално детство“ упатила писмо до извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, во кое го повикува да ги откаже плановите за лансирање на верзија од социјалната мрежа Инстаграм која ќе биде наменета за деца под 13 години. Писмото е потпишано од 99 организации и поединци-експерти за јавно здравје, кои тврдат дека „платформата опседната […]

„Фејсбук“ постигна една од своите климатски цели – ги намали емисиите на стакленички гасови за 94 отсто

17 април 2021

„Фејсбук“ соопшти дека ја постигнал една од неговите најголеми цели поврзани со животната средина, успевајќи да ги намали своите емисии на стакленички гасови за дури 94 отсто во последните три години. „Ја препознаваме итноста од климатските промени и работевме на намалување на еколошкиот отпечаток на компанијата во изминативе 10 години. Денес објавуваме дека од 2020 […]

„Фејсбук“ започнува глобална кампања за да им помогне на милиони луѓе да се вакцинираат

15 март 2021

„Фејсбук“ започнува глобална кампања која ќе има за цел да ги запознае корисниците подобро со фактите за вакцините против ковид-19, но и да им го олесни пристапот при процесот на вакцинирање. „Денес започнуваме глобална кампања за да им помогнеме на 50 милиони луѓе да се доближат уште еден чекор до добивање вакцини. Веќе поврзавме над […]

„Фејсбук“ ја повлече забраната за австралиските вести откако владата прифати амандмани на оспорениот закон

23 февруари 2021

„Фејсбук“ ја промени одлуката и во наредните денови ќе ја укине забраната за објавување и споделување вести во Австралија, јавуваат Гардијан и Би-би-си. Одлуката доаѓа откако австралиската влада се согласи на компромис и прифати амандмани на оспорениот закон од технолошките компании, со кои компаниите што ги поседуваат социјалните мрежи и „Гугл“ мораа да им плаќаат […]

Фејсбук автоматски ќе ги отстранува дезинформациите поврзани со вакцините против ковид-19

9 февруари 2021

Фејсбук најави дека го проширува списокот на објави на социјалната мрежа поврзани со ковид-19 кои ќе ги отстранува и од Фејсбук и од Инстаграм по автоматизам по претходна консултација со експерти за јавно здравје. Во новото соопштение, од Фејсбук велат дека од декември минатата година веќе се отстрануваат „лажните тврдења за вакцините за ковид-19 кои […]

Мјанмар го блокираше Фејсбук поради повици за граѓанска непослушност

4 февруари 2021

Поради објавување повик за граѓанска непослушност, новата воена влада во Мјанмар го блокираше пристапот до социјалната мрежа Фејсбук, неколку дена откако ја соборија демократската влада и ја преземаа власта. Граѓанската непослушност доаѓа по пучот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Ќи. Мобилниот оператор Теленор Мјанмар кој е дел од норвешката група […]

Фејсбук и Епл во судир за приватноста на корисниците

3 февруари 2021

Гигантите Фејсбук и Епл повторно влегоа во судир. Двете компании долго време се расправаат за прашања поврзани со приватноста, но ова особено се истакна откако Епл им овозможи, со новото ажурирање на софтверот, на корисниците на iOS да одберат дали и во колкава мера ќе дозволат нивните податоци да се споделуваат за разни маркетинг потреби. […]

Фејсбук не донира пари ако споделите или коментирате на 13 години стара фотографија од бебе

20 јануари 2021

Бебето кое е прикажано на сликата воопшто не е болно од рак на кожа, а веќе не е ни бебе, затоа што фотографијата е стара 13 години. Според пребарувањата на Гугл, јасно се гледа дека оваа фотографија нема никаква поврзаност со дете болно од рак на кожата, ниту со Македонија. Оваа фотографија, заедно со уште […]

Страна 4 од 11