fbpx
Таг: Фатмир Битиќи

таг: Фатмир Битиќи

ВМРО-ДПМНЕ најавува собраниска блокада на законот за еколошка такса, власта се дообјаснува

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека во Собранието на РСМ ќе се спротивстави на донесувањето на новиот закон со којшто ќе се воведе еколошката такса за нафтените деривати. Пратеникот Тимчо Муцунски денеска рече дека за опозицијата еколошката такса е форма на кризен данок. „Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е цврст и јасен: Без двоумење ќе го блокираме овој Предлог закон, користејќи ги...

Ре/Макс, една од најголемите светски компании за недвижности, ќе работи и на нашиот пазар

Ре/Макс, една од најголемите, најреномирани и најуспешните компании, ќе го професионализира пазарот со недвижнини и во Северна Македонија и ќе воведе меѓународни стандарди во купувањето, продавањето и изнајмувањето на недвижности во земјава. Ова било договорено при средбата на вицепремиерот Фатмир Битиќи, со потпретседателите на Ре/Макс за Европа, Курт Лукас и Адриан Бури, за време на неговата службена посета на...

Проработе кочански Пејпер Мил откако го инсталираше филтерот против загадување на воздухот

Кочанската фабрика за хартија Пејпер Мил повторно проработе откако сопствениците го инсталираа вреќестиот филтер со кој значително се намалуваат количествата штетни честички испуштени во воздухот. На денешното рестартирање на фабриката присуствуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи и кочанскиот градоначалник Николајчо Илијев, информираат од владината прес-служба. Вицепремиерот Битиќи потсети дека Пејпер Мил, при своето работење во минатото, испуштал повисоко ниво од дозволеното на...

Битиќи: Развојот на економијата доаѓа од бизнисот, не од политичарите

Фатмир Битиќи
Владата е таа која треба да им го олесни и да им го трасира патот за водење бизнис на младите претприемачи, пред сѐ на оние кои сакаат за првпат да започнат со сопствен бизнис. Затоа што развојот на економијата доаѓа од бизнисот, не од политичарите. При тоа е клучно, младите да добијат јасна визија што сакаат да постигнат и...

„Регионална конкурентност, наместо регионална конкуренција“, порача Битиќи на економската конференција во Приштина

Регионалните конференции се потребни за да се направи анализа и да се дискутира за економската состојба меѓу земјите од регионот во изминатата година, која беше подеднакво тешка за сите. Кризата предизвикана од ковид-19 бара да се покаже лидерство и одлучност во справување со препреките и соодветно да се одговори на кризната ситуација. Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања...

Битиќи: Се засилуваат активностите на проекти за енергетска ефикасност

Северна Македонија во изминатитот период направи голем исчекор во носење на многу значајни документи, стратегии и политики, во кои се вградени ЕУ директивите од енергетскиот сектор. Сите активности, поврзани со реформите во енергетиката и енергетската ефикасност, условија носење на нов Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност, како и Стратегија за развој на енергетика до 2040, а во...

Министри и вицепремиери денеска се вакцинираа против ковид-19

Денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираа вицепремиерите Фатмир Битиќи и Никола Димитров, како и министрите Бојан Маричиќ, Крешник Бектеши и Горан Милевски. Министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот фејсбук-профил напиша дека вакцините се безбедни, проверени, тестирани и, навистина, колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател. Вицепремиерот за...

Измените во ЗРО за прогласување на неделата за неработен ден одложени за следната година

фатмир битиќи фото: влада на РСМ
Создавањето на предвидливо бизнис опкружување е една од најважните теми за секој стопанственик, па затоа, пред донесување на било какво законско или под законско решение, Владата ќе продолжи отворена дискусија и консултации со бизнис секторот, за да се унапреди деловното опкружување и да се обезбеди предвидливост и одржливост на економските текови. Ова го истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи, на денешната редовна...

За нови програми за вработување годинава се испланирани 24,5 милиони евра, приоритет се лицата без работа поради пандемијата

План за вработување 2021 фото МТСП
За оваа година се предвидени 1,5 милијарди денари (24,5 милиони евра) за реализација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот, а со него ќе бидат опфатени 10.279 лица. „Целта е да се зајакне и поддржи пазарот на трудот за надминување на последиците од ковид кризата. Планот ќе значи поддршка на оние...

Битиќи-Абазовиќ: Регионалната конкурентност е клучот за просперитет на Западен Балкан

Битиќи Абазовиќ фото: Влада
„На заедничкиот регионален пазар целта е да се зајакне економската соработка, да се зголеми конкурентноста, но и привлечноста за пазарите на ЕУ. Регионална конкурентност, наместо регионална конкуренција. Ова е нашата иднина“, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, на денешната заедничка прес-конференција со потпретседателот на Владата на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ, по средбата на која се разговарало за економската соработка помеѓу...

Битиќи: Субвенциите во обновлива енергија се еден од приоритетите на Владата

Фатмир Битиќи
Еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија е значителното зголемување на стимулативните мерки и на субвенциите за инвестирање во обновлива енергија, како најголем еколошки извор на енергија, како електрична, така и топлинска. „Со Законот за енергетика и со Стратегијата за енергетика до 2040 година се предвидува зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори. Во правилникот за ОИЕ...

Промовиран Национален геопортал на кој може да се најдат просторни податоци

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, денес, на прес-конференција го промовираа новиот Национален геопортал на просторни податоци, којшто од неодамна е пуштен во функција. Вицепремиерот Битиќи, којшто е и претседател на Советот на Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП), посочи дека новиот Геопортал е дел од иницијативата на Владата за...

Битиќи: Финансиската поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе продолжи

Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има, деталите се договараат со засегнатите страни најави денеска вицепремиерот за економски прашања и координација на економски ресори Фатмир Битиќи. Тој додаде дека не станало збор дека оваа мерка ќе се укине. „Ќе помогнеме на различни начини затоа што веќе знаеме кои се очекувањата, знаеме што не очекува понатаму, знаеме дека...

ЦГК: 30 најголеми државни претпријатија лани имале приход од 732 милиони евра, но слаба транспарентност и отчет

Вкупниот приход на 30-те најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа за периодот од 2015 до 2019 година изнесуваат 45 милијарди денари (732 милиони евра), а во нив работеле вкупно 22.140 работници. Приходите се зголемиле за само 2 отсто, а просечната стапка на профитабилност кај нив во овој период изнесувала скромни 6 отсто. Средствата што ги поседуваат...

Трета бескаматна ковид кредитна линија: 31 милион евра за микро и малите компании, трговски претријатија и занаетчии

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес на заедничка прес-конференција со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојната банка Кире Наумов, ја промовираше новата, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3, која од денес станува достапна за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, а со која на располагање...

Битиќи-Реџепи: Капиталните инвестиции во гасоводната инфраструктура се одвиваат непречено

Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со директорот на АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговараа за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна мрежа и гасното поврзување со Грција и останатите соседни земји. Битиќи на првиот работен состанок со директорот Реџепи...

Македонски енергетски форум: Енергетската иднина е во транзицијата кон чистите извори на енергија

Развојот и инвестициите во енергетскиот сектор остануваат приоритет на Владата на РСМ која во последните три години својата енергетска политика ја насочи кон исполнувањето на целите на ЕУ и кон патот на енергетската транзиција. А, еден од клучните предизвици во иднина секако ќе биде одржувањето на стабилноста на електроенергетскиот систем и производство на поголеми количини на електрична енергија од...

Економијата во прв план, со предлог буџетот за 2021 г. над милијарда евра се одвојуваат за разни економски активности

Предлог буџетот за 2021 година кој е проектиран на околу 4 милијарди евра е конципиран да даде одговор на предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните, како последица на социо-економската криза од ковид 19, но истовремено и да овозможи развој и да влијае на консолидација и стабилизација на економските текови, образложи на прес конференција вицепремиерот за економски прашања,...

Бочварски потврди дека сè уште се преговара за парите од неизградениот аеродром кај Штип

Тимот на вицепремиерот Фатмир Битиќи ги работи деталите од договорот со компанијата ТАВ, која треба да одвои пари за откажувањето на проектот за изградба на карго аеродромот кај Штип. Ова го кажа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој очекува по постигнувањето на договорот да се одлучи како ќе се трошат овие средства. „Кога ќе има одредено решение и...

Четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра за најпогодените сектори и граѓани

Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска ја одржа својата втора седница предводена од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и останатите членови на ЕСС, информираат од владината прес-служба. На денешната седница на ЕСС, од...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...