fbpx

Битиќи: Развојот на економијата доаѓа од бизнисот, не од политичарите

-

Владата е таа која треба да им го олесни и да им го трасира патот за водење бизнис на младите претприемачи, пред сѐ на оние кои сакаат за првпат да започнат со сопствен бизнис. Затоа што развојот на економијата доаѓа од бизнисот, не од политичарите. При тоа е клучно, младите да добијат јасна визија што сакаат да постигнат и каде ја гледаат економијата на државата сега и во наредните 20 години. Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на денешниот форум: „Механизми за поддршка на младите, да го одржат сопствениот бизнис и да креираат нови работни места“.

„Во изминатите девет месеци Владата работи на девет главни подрачја за развој на економијата од кои јас би издвоил две. Првото е донесената Национална стратегија за развој, која дава јасни одредници каде треба да се движиме како држава и веќе сме на пола пат од нејзиното реализирање, кое зависи од сите чинители во државата и  придонесува младите да имаат јасна визија за економската иднина. Второто е соработката со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) со кого досега имаме успешна реализација на проекти за развој на стартапите и вклучувањето на младите во сопствен бизнис“, изјави Битиќи.

Според директорот на ФИТР, Коста Петров, младите кои започнале свој бизнис, ја смениле перцепцијата во земјава за тоа што значи да си претприемач со иновативни идеи, а исто така ја промениле и сликата за нашата економија. ФИТР веќе има 550 корисници кои се кофинансирани со 75 милиони евра, од кои 43 милиони евра се државни средства.

Според Петров, радува фактот што тие и во време на ковид криза, не се запрело со инвестиции и развој.

„ФИТР не е само за објавување јавни повици, туку ние сме и стратешки партнер на корисниците, преку свои анализи, препораки и финансиска помошм за што говорат и досегашните резултатите, според кои, над 70 отсто од стартапите во земјава се од ФИТР. Ги повикувам и големите државни компании да се вклучат и да инвестираат во стартапи, покрај приватниот сектор, а по примерот на многу светски брендови“, рече Петров, додавајќи дека, иако младите покажаат дека знаат да водат бизнис и без помош од државата, преку ФИТР имаат големи шанси за финансиска поддршка преку 4 банки, за иновативни стартап бизниси. Таа само од ФИТР изнесува меѓу 40.000 и 60.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...