fbpx

Министри и вицепремиери денеска се вакцинираа против ковид-19

-

Денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираа вицепремиерите Фатмир Битиќи и Никола Димитров, како и министрите Бојан Маричиќ, Крешник Бектеши и Горан Милевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот фејсбук-профил напиша дека вакцините се безбедни, проверени, тестирани и, навистина, колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по вакцинацијата изјави дека обврската за вакцинација ја извршил поради тоа што пред шест месеци во близина на вакциналниот пункт лежел 11 дена и дека бил на работ на неговата егзистенција.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по вакцинирањето истакна дека е важно што е можно побрзо и што е можно повеќе македонски граѓани да се вакцинираат, со цел враќање на животот во нормала.

„Само што се вакцинирав и некако го доживеав и како свечен чин, бидејќи долго време зборуваме за ова и долго време трае оваа мака, и е многу важно за себе си, за моите блиски, за мојата фамилија, за моите соработници, за сите граѓани со кои доаѓам секојдневно во контакт, да бидеме заштитени. Пандемијата трае повеќе од една година, за жал изгубивме многу животи, изгубивме дел од слободата,“ рече Димитров.

Министерот за правда Бојан Маричиќ апелираше до граѓаните масовно да се пријават на сајтот за вакцинација, бидејќи само преку масовна имунизација, како општество ќе се избориме против епидемијата и ќе можеме да продолжиме нормално со нашите животи.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски рече дека сопственото здравје е наша одговорност, но исто толку сме одговорни и за здравјето на нашите најблиски, на нашите соработници, роднини и пријатели.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, вакцината против ковид-19 ја прими на Вакциналниот пункт во Штип.

„Ова е единствен начин заеднички да излеземе како победници над пандемијата со ковид-19. Очекуваме намалување на притисокот од пандемијата и секако враќање на животот во нормала. Радува високиот број на новопријавени граѓани. Тоа е знак дека брзо и целосно ќе ја смениме сликата на епидемијата кај нас,“ напиша Бочварски на неговиот фејсбук-профил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...