fbpx

Бочварски потврди дека сè уште се преговара за парите од неизградениот аеродром кај Штип

-

Тимот на вицепремиерот Фатмир Битиќи ги работи деталите од договорот со компанијата ТАВ, која треба да одвои пари за откажувањето на проектот за изградба на карго аеродромот кај Штип. Ова го кажа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој очекува по постигнувањето на договорот да се одлучи како ќе се трошат овие средства.

„Кога ќе има одредено решение и напредок во овој договор, кога ќе се постигне, потоа ќе се прави распределба и тогаш средствата ќе влезат во реализација во проекти од јавен интерес за граѓаните. Во овој момент сè уште нема договор и решение за ова“ изјави Бочварски.

Министерот заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов беше во увид на работите на експресниот пат Штип – Радовиш. Таму, според динамиката, интензивно се работи на две делници – Три Чешми до мостот на реката Брегалница на влезот во Штип од страна на Радовиш и на делницата од Бучим до излезот на Радовиш.

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, со должина од 40,41 километар и вредност од преку 42 милиони евра, се реализира во две фази. Градежните работи се одвиваат со силен интензитет и се очекува екпспресниот пат да биде завршен и пред предвидениот рок. Изградбата на првата делница, од Штип до Бучим е во завршна фаза, поголемиот дел е веќе асфалтиран, осветлувањето е поставено и во моментов се монтираат еластичните огради. На втората делница, од Три Чешми до Радовиш, во тек се подготовки за поставување на коловозната конструкција. Се очекува за три до четири месеци експресниот пат да биде пуштен во употреба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон...