fbpx

Битиќи: Субвенциите во обновлива енергија се еден од приоритетите на Владата

-

Еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија е значителното зголемување на стимулативните мерки и на субвенциите за инвестирање во обновлива енергија, како најголем еколошки извор на енергија, како електрична, така и топлинска.

„Со Законот за енергетика и со Стратегијата за енергетика до 2040 година се предвидува зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори. Во правилникот за ОИЕ се воведе можност и домаќинствата да можат на своите покриви да постават фотонапонски електрани за сопствено производство, а вишокот да го продаваат на својот снабдувач“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи на денешниот настан за доделување на сертификати за соларни системи, на покана на Соларната Асоцијација на РСМ.

Тој додаде дека е заедничка обврската на сите потписнички на Парискиот договор за клима, амбициозно да ги реализираат поставените цели за намалување на влијанијата од климатските промени. Потсети дека ЕУ предвидуваше обврзувачка цел за намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 40 отсто до 2030 година и од 80 до 90 до 2050 година, во однос на 1990. А, со новиот план се оди еден чекор понапред, целосна климатска неутралност до 2050 или целосно намалување на емисиите, односно фокус на производство на зелена енергија.

„Со цел зголемување на производството на фотонапонски панели во нашата земја, веќе се донесени измени во Царинскиот тарифник за увоз на одредени репроматеријали за производство на сончеви колектори и панели“, рече Битиќи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...