fbpx

Објавени резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата

-

Министерството за култура денеска ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година. По тој повод, министерката за култура Ирена Стефоска одржа прес-конференција на која посочи дека за распределба на 11 милиони евра пристигнале рекордни 6.352 апликации.

Стефоска посочи дека конечно, доделени се толку средства со колку што располага Министерството, односно за првпат не се преземаат обврски, повисоки од буџетските средства.

Таа ја изрази и својата убеденост дека во резултатите од програмата, културната јавност ќе го препознае напорот – за напуштање на принципот „по малку за сите“ затоа што таквиот „принцип“, како што нагласи, ја обесмислува културата и ја убива креативноста.

„Не сакам и не можам да го сокријам задоволството од бројните проекти во програмата, со интеркултурен карактер. Тие се нашата боја. Ме радува и фактот дека се одобрени голем број проекти како поткрепа на заложбата за деметрополизација на културата. Не може и не смее да  се очекува овој конкурс да ги реши сите, децениски, наталожени проблеми“, рече Стефоска.

Министерката за култура напомена дека роковите за корисниците оваа година ќе бидат пролонгирани за да имаат време да си ги реализираат проектите.

Претседатели на комисиите кои ги разгледувале пристигнатите пријави по одделни дејности се: за литература и издавачка дејност – Весна Димовска; за драмска дејност – Фирдауз Неби; за фолклор и сценско-уметничка дејност – Емин Гаџа; за музичка и музичко-сценска дејност – Бранка Костиќ-Марковиќ; за визуелни уметности, архитектура и дизајн – Соња Абаџиева; за интердисциплинарни проекти – Зоран Петровски; за меѓународна дејност – Јане Бакевски; за заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра – Љуљета Абази; за музејска дејност – Фросина Зафировска и за библиотечна дејност – Славица Србиновска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...