Битиќи: Се засилуваат активностите на проекти за енергетска ефикасност

-

Северна Македонија во изминатитот период направи голем исчекор во носење на многу значајни документи, стратегии и политики, во кои се вградени ЕУ директивите од енергетскиот сектор. Сите активности, поврзани со реформите во енергетиката и енергетската ефикасност, условија носење на нов Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност, како и Стратегија за развој на енергетика до 2040, а во процес на усвојување е и Националниот план за енергетика и клима, кои ја даваат основата за поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори, но и политики за заштеда на енергија со воведување на технологии и техники за енергетска ефикасност.

Ова го потенцираше вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, на денешната средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на  Германија, Ото Граф, делегацијата на Француската агенција за развој (AFD) и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Давид Оберхубер. Се разговараше за унапредување на соработката во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност.

Битиќи посочи дека земјава е една од првите во регионот која се заложи за редукција на емиисиите на стакленички гасови, што е поврзано со битката со климатските промени. Во таа насока се започнати многу проекти, особено во енергетиката, како што се Националниот фонд за енергетска ефикасност и Проектот за праведна транзиција преку кој ќе се овозможи грижа за социјалните категории на граѓани.

„Токму енергетската ефикасност е поле во кое би можело да се интензивира соработката со Франција и со Германија, кои преку нивните развојни агенции би овозможиле техничка и стручна помош за анализи, студии, проектни документации, а потоа во заедничка соработка и со Зелениот климатски фонд и други меѓународни финансиски организации, да се реализираат значајни проекти“, рече Битиќи.

Ова е втора посета на делегација на Француската развојна агенција во само еден месец. Пред повеќе државни институции и пред приватниот сектор во период од една недела беше презентирана Програмата PEEB COOL, насочена кон енергетската ефикасност на јавни и приватни згради.

Дезинформаторски телеграм-канал на македонски – дел од руската мрежа „Правда“

Дезинформаторскиот телеграм-канал Нов постзападен мултиполарен свет, не е новост и сам по себе не е влијателен, но загрижува тоа што од неодамна е врбуван како извор за новости за македонската филијала...

Од Северна Кореја потврдија дека испратиле војници да се борат за Русија во војната во Украина

Северна Кореја за првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Во извештај на државната новинска агенција КЦНА, севернокорејската војска тврди дека нејзините војници им помогнале на...

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин,...

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

Со незапаметена глобална царинска војна, кратење на американската странска помош, навреди кон сојузниците од НАТО и прифаќање на наративот на Русија за инвазијата врз Украина, претседателот Доналд Трамп за само 100...

Дезинформаторски телеграм-канал на македонски – дел од руската мрежа „Правда“

Дезинформаторскиот телеграм-канал Нов постзападен мултиполарен свет, не е новост и сам по себе не е влијателен, но загрижува тоа што од неодамна е врбуван како извор за новости за...