fbpx
Таг: европа

таг: европа

Лидингтон: Важно е изборите на 5 јуни да бидат веродостојни

Британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, кој е во работна посета на Република Македонија, денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Вчера Лидингтон имаше средби со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, и со лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, и на ДУИ, Али Ахмети, на кои во фокусот на...

Груевски и Лидингтон на средба за мигрантската криза и за изборите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон. На средбата соговорниците разговарале за повеќе актуелни теми поврзани со соработката и со стратешките интереси, со претстојните избори, нивното спроведување, како и со глобалните предизвици во однос на мигрантската криза. „Груевски посочи дека приоритет се организирање и спроведување на слободни и демократски избори, на кои граѓаните во...

Ахмети и Лидингтон разговараа за изборите на 5 јуни

Овие избори ќе бидат најнабљудувани во историјата на земјата, а има повеќе од доволно време за сите подготовки за 5 јуни, стои во соопштението од ДУИ по средбата на претседателот на партијата, Али Ахмети, со Давид Лидингтон, државниот министер за Европа на Велика Британија. „ДУИ има јасна визија за тоа што треба да се преземе до изборите и по изборите и, како...

Бесими и Лидингтон разговараа за бегалската криза

Вицепремиерот Фатмир Бесими денеска се сретна со висока делегација од Велика Британија, предводена од министерот за Европа, Дејвид Лидингтон. Во придружба на делегацијата беше и британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет, како и претставници од британското министерство за надворешни работи. „Двете страни истакнаа дека соработката меѓу Република Македонија и Велика Британија се карактеризира со отворен и конструктивен дијалог и...

Кери на средба со саудиските и со европските претставници за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе ги посети Саудиска Арабија и Франција поради разговорите со саудиските и со европските претставници за конфликтите во Сирија, Јемен и во Либија. Стејт департментот соопшти дека Кери денеска ќе го посети саудискиот град Хаар ел Батин, кај североисточната граница со Ирак и со Кувајт, каде 20 земји ја завршија тринеделната антитерористичка воена вежба. Кери потоа од...

АИ го осуди одговорот на Европа на мигрантската криза

Срамотен е договорот на европските држави на мигрантската криза и постои ризик дека напорите за спротивставување на заканите од напади да ја нарушат историската посветеност на Европа на почитување на човековите права, оцени „Амнести интернешанл“. Неколку членки на ЕУ воведоа гранични контроли како одговор на големиот бран мигранти и беглаци. „Европа, кој е најбогат блок на светот, не е во...

УНХЦР: Затворањето на границите во Европа ќе предизвика хаос

Затворањето на границите внатре во Европа, кое го презедоа европските држави поради загриженоста предизвикана од бегалската криза, ќе предизвика „дополнителен хаос и конфузија“, предупреди денеска новиот шеф на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди. - Особено сум загрижен поради вестите што ги добиваме за затворање на сè поголем број европски граници долж балканската рута, затоа што тоа ќе...

Иванов: Во иднина ќе се занимаваме со безбедносниот аспект на мигрантската криза

„Безбедносниот аспект на бегалската кризата е она што во идните години ќе нè преокупира. Многу од борците во Исламска држава веќе го користат бегалскиот бран за да ги напуштат боиштата и да се протнат меѓу бегалците. Тоа сега го отвора прашањето како службите ќе соработуваат, како ќе ги наоѓаат тие лица и како ќе се справуваат“, рече денеска претседателот...

Крал Абдула: Балканот е првата одбранбена линија на Европа

Јорданскиот крал Абдула синоќа на Минхенската безбедносна конференција оцени дека земјите од Западен Балкан се првата одбранбена линија на Европа против екстремизмот. Тој во говорот рече дека мора да се поддржуваат балканските земји со мнозинско муслиманско население во борбата против екстремизмот. Абдула оцени дека ништо не би ја чинело Европа поскапо од зајакнувањето на екстремизмот на Балканот. Тој рече дека Европа мора...

Иванов ќе се обрати на панел-дискусијата на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, во рамки на 52. Минхенска безбедносна конференција, ќе се обрати на панел-дискусијата „Кон понатамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа“. Покрај Иванов, кој четврти пат учествува на Минхенската безбедносна конференција, на панел-дискусијата ќе учествуваат и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар-Китаровиќ и Борут Пахор, како и премиерите на Црна Гора и на...

Прв случај на вирусот зика кај трудница во Европа

Во Шпанија е потврден првиот случај на трудница заразена со вирусот зика, што е прв таков случај во Европа, пренесува „Би-Би-Си“. Дијагнозата е утврдена кај трудница која неодамна се вратила од Колумбија, каде, како што се верува, била заразена со вирусот. Станува збор за вирус што го пренесуваат комарците и кој брзо се шири. Се појави во Бразил во октомври минатата година, каде...

Германија: Експлозивна направа фрлена на куќа на азиланти

Непознато лице во текот на изминатата ноќ во фрлило експлозивна напарава на куќа на азиланти во јужниот германски град Филинген-Швенинген, соопшти полицијата. Портпаролот на регионалната полиција, Томас Калмбах, соопшти дека „за среќа“ направата не експлодирала и оти никој не е повреден. Клембах рекол дека непознато лице околу еден часот по полноќ ја фрлило експлозивната направа преку оградата во куќата на барачите...

Обама и Меркел разговараа за бегалската криза во Европа

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за бегалската криза во Европа и се согласиле дека претстојната донаторска конференција во Лондон ќе биде шанса да се поттикнат глобалните напори по тоа прашање, соопшти Белата куќа. Обама во телефонскиот разговор ѝ соопштил на Меркел дека планира да организира самит на лидери во Генералното собрание на ОН во септември,...

„Репортери без граници“: ЕК да заземе цврст став кон Полска

„Репортери без граници“ (РСФ) ја повикаа Европската комисија да заземе цврст став кон Полска доколку не се откаже од неодамна усвоениот закон за медиуми. „Апелираме на ЕУ да биде строга. Почитувањето на слободата и на плурализмот на медиумите се меѓу барањата за пристапување во Унијата. ЕУ не може да бара од земјите-кандидати тоа што не го бара од своите членки....

Засилени безбедносни мерки во европските метрополи поради новогодишните прослави

Новогодишниот огномет и уличните прослави се откажани во Брисел, а посебни мерки се спроведуваат во Париз, Лондон, Берлин и во Москва. Истовремено, турските разузнавачки служби соопштија дека осуетиле план за напад во Анкара за време на прославата. „Би-Би-Си“ јавува дека австриската полиција соопштила оти една „пријателска служба“ ги предупредила на ризик од напад во големите престолнини во Европа. Во цела Белгија од...

ИОМ: Годинава во Европа стигнале повеќе од еден милион мигранти

Бројот на мигранти што влегле во Европа оваа година, преку копно и море, надмина еден милион лица, што е четирикратно повеќе во споредба со минатата година, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Најголем дел од мигрантите, односно повеќе од 800.000 луѓе, стигнале во Европа преку море, патувајќи од Турција во Грција. Според државјанството, најбројни се мигрантите со потекло од Сирија,...

УНХЦР: Опаѓа бројот на бегалците кои доаѓаат преку Средоземно Море

Бројот на бегалците кои доаѓаат во Европа преку Средоземно Море опаднал за една третина во ноември поради временските услови и борбата против шверцерите во Турција, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Околу 140.000 бегалци го минале Средоземно Море во ноември, што е за 36,5 отсто помалку во споредба со октомври, кога биле регистрирани повеќе од 220.000 лица. Од почетокот на...

Три милијарди евра и безвизен режим со ЕУ ако Турција ги задржи мигрантите надвор од Европа

Турција ќе добие помош од три милијарди евра, безвисен режим за нејзините граѓани во шенген-зоната и рестартирање на закочените преговори со Европската унија доколку се справи со приливот на бегалци и успее да ги задржи мигрантите надвор од Европа. Ова се наведува во нацрт-заклучоците од акциониот план околу кој вечерва треба да се договорат Европската унија и Турција на...

Европол: Се зголемува бројот на терористичките закани во Европа

Можни се нови терористички напади во Европа, изјави денеска директорот на Европол, Роб Вејнрајт, пред Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент. Вејнрајт рече дека постои сериозно зголемување на заканите на континентот и додаде дека располагаат со податоци за повеќе од 10.000 луѓе од ЕУ кои се борат во Сирија и во Ирак. Според податоците на Европол, 5.000 лица...

Прв ирански претседател во посета на Европа по 16 години

Иранскиот претседател Хасан Рохани утре ја почнува посетата на Италија и на Франција. Ова е прва посета од ирански претседател на Европа по 16 години изолација. Официјалната посета е организирана благодарение на спогодбата за надзор на иранската нуклеарна програма, потпишана меѓу Техеран и западните земји. Претходно, последната посета на Европа ја направи реформаторот Мохамед Хатами во 1999 година, како прв...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...