fbpx
Таг: европа

таг: европа

Орбан: Мигрантскиот бран му се заканува на европскиот идентитет

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека мигрантскиот бран му се заканува на европскиот идентитет и дека тој се залага за негово запирање. - Миграцијата повторно ја пишува историјата на овие краишта, нови стотици илјади луѓе со друга култура повторно се на нашите граници. Ако не го запреме тој мигрантски бран, повеќе нема да ја има онаа Европа за која...

ОН: Повеќе од 700.000 бегалци стигнале до брегот на Европа

Повеќе од 700.000 бегалци и мигранти годинава стигнале на европскиот брег на Средоземно Море, соопшти агенцијата на ОН за бегалци. Во соопштението се наведува дека 562.355 луѓе дошле до брегот на Грција, бегајќи од војна и од сиромаштија. Околу 140.000 лица, пак, годинава стигнале во Италија. Вкупно 3.210 лица починале или исчезнале за време на опасниот пат кон Европа.

Конференција во Охрид: Економската миграција продолжува – Балканот старее

Економската миграција продолжува - Балканот забрзано старее, беше речено на Меѓународната конференција за демографските процеси на Балканот што се одржува во Охрид, во организација на „Демобанк“ и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На конференцијата во Охрид учествуваат 60 експерти кои во наредните три дена ќе ги презентираат своите научни трудови од областа на демографијата. Освен Косово...

Во Европа преку Средоземно Море пристигнале 593.432 имигранти и бегалци

Од почетокот на годината во Европа преку Средоземно Море пристигнале 593.432 имигранти и бегалци, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Најмногу имигранти и бегалци примила Грција - 453.912, а во Италија пристигнале 136.408. Повеќето што пристигнале во Грција се Сиријци (277.899), Авганистанци (76.620) и Ирачани (21.552). Во Италија пристигнале најмногу Еритрејци (35.938), Нигеријци (17.886) и Сомалијци (10.050). Според ИОМ, од 9 октомври...

Јункер: 8,5 милиони бегалци би можеле да посакаат да дојдат во Европа

Бегалската криза во Европа ќе трае со години, оцени претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, порачувајќи дека не треба да се имаат илузии во врска со ова прашање. Јункер напомена дека само во Африка има 8,5 милиони бегалци кои би можеле да посакаат да дојдат во Европа. Осврнувајќи се на Унгарија, која на својата границца подигна ѕид за да ги...

Чешка испраќа војска во Унгарија

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка соопшти дека неговата земја испраќа во Унгарија уште војници и полицајци. В четврток, министрите за внатрешни работи на Вишеградската група ќе прецизираат како Словачка и Полска ќе помогнат во чувањето на унгарската граница. - Во другата фаза од помошта за Унгарија, Чешка ќе испрати повеќе војници и полицајци од тие 25 што ги одобри владата вчера – рече...

Европски суд на правда: Трансферот на податоци од ЕУ во САД е нелегален

Системот кој им овозможува на илјадници компании да пренесуваат податоци од ЕУ во САД е нелегален, соопшти денеска Европскиот суд за правда. Судот донел пресуда во полза на еден австриски студент по право, кој тврдел дека трансатлантскиот договор за заштита на податоците не ги штити потрошувачите на соодветен начин. Случајот се темели на наводната практика на „Фејсбук“ да доставува информации до американските...

Фронтекс: 630.000 лица илегално влегле во Европа

Околу 630.000 лица илегално влегле во Европа од почетокот на годинава, соопшти Фабрис Легери, шеф на агенцијата за надзор на границата Фронтекс, во разговорите за француската новинска агенција „Ебра“. Говорејќи за најголемата миграциска криза во Европа по Втората светска војна, тој се зазеде за европска соработка. - Земјите-членки мораат да разберат дека наместо да распоредуваат стотини полицајци на своите државни граници,...

Меркел: Бегалците се пробен тест за ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека бегалците се пробен текст за Европска унија и истакна дека Европа, која се соочува со најголемиот прилив на бегалци од Втората светска војна, мора заеднички да ги штити своите надворешни граници. Меркел се заложила луѓето што доаѓаат во земјата само од економски причини да ја напуштат, а кога станува збор за бегалците, тогаш подобро е...

Во Европа се очекуваат 1,4 милиони бегалци

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) очекува дека во Европа, преку Средоземно Море, оваа и следната година ќе пристигнат 1,4 милиони бегалци, што е значително повеќе од првобитните процени за 850.000 лица. „УНХЦР подготвува план за доаѓање на околу 700.000 луѓе, кои во Европа во 2015 година бараат безбедност и меѓународна заштита“, стои во ревидираниот документ. Во документот се наведува дека е...

ИОМ: Повеќе од половина милион бегалци пристигнале во Европа

Од почетокот на годинава, во Европа, преку Средоземно Море стигнале половина милион мигранти и бегалци, соопшти во Женева Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Во обид да стигнат до Европа, животот го загубиле 2.892 лица. Најмногу мигранти и бегалци стигнале во Грција, повеќе од 380.000, додека во Италија стигнале околу 131.000. Во Грција, најголем број од пристигнатите се Сиријци и Авганистанци, а во...

Дивата депонија, која е повторно активна, ги труе тетовци 

Големи количества разновиден отпад повторно се наталожија на претоварната станица на Јавното комунално претпријатие на влезот од Тетово. Поради невремето што го зафати тетовскиот регион, механизацијата на комуналното претпријатие, која беше ангажирана во поплавените подрачја, не успеа навреме да го собере и да го транспортира сметот од претоварната станица, каде сега е создадена огромна дива депонија. Проблемот со депонијата најмногу го чувствуваат...

Како ИД профитира: Артефактите од Палмира веќе се на продажба во Лондон!

Исламска држава (ИД) ги продава статуите, ликовите изработени во камен и фреските што интернационалните дилери на археолошки артефакти ги бараат, ги зема парите, ги предава реликвиите и потоа ги крева во воздух храмовите и градбите од каде потекнуваат за да ги прикрие доказите за тоа што е ограбено. Ова е одговорот што либанско-францускиот археолог Џоан Фарках (Joanne Farchakh) го дава...

Францускиот премиер бара итна мобилизација на Европа

Францускиот претседател Франсоа Оланд побара итен состанок на водечките владини претставници за да се разгледа бегалската криза. Премиерот Мануел Валс, пак, на својот твитер-профил, под фотографијата на тригодишното момче чие тело е пронајдено на плажа, напиша: „Тој имаше име: Ајлан Курди. Итно треба да дејствуваме. Итно да се мобилизира Европа“. Француската јавност е поделена околу тоа дали треба да се примат повеќе...

Експерти на ОН бараат Европа да ги отвори границите за мигрантите

Европските лидери треба да покажат поголема отвореност и да им помогнат на мигрантите наместо да користат јазик со кој ги потиснуваат нивните права, изјавил денеска специјалниот известувач на Обединетите нации за човекови права на мигрантите, Франсоа Крепо. „Зборувањето за „мародери“ и „роеви“ е несоодветен начин за потиснување на нивните права, ја цитира „Би-Би-Си“ изјавата на Крепо, во која тој додава...

Кинеската економија предизвика остри падови на светските берзи

Берзите ширум Соединетите Американски Држави (САД) и Европа денеска бележат остри падови откако забавувањето на кинеската економија предизвика паника кај инвеститорите, јавуваат светските медиуми. Кинеската берза во Шангај синоќа го имаше најлошото затворање од 2007 година, со пад на тргувањето од 8,5 проценти, што преку ноќ предзвика пад на акциите ширум Азија. Тргувањето со акции на Дау Џонс на Вол Стрит...

Иванов: Човек што не носи одлуки е склон да робува

Сите сакаме да бидеме во Европа и да бидеме Eвропјани. Оваа школа е влог во таа европеизација на Македонија, и доколку поради познатите блокади не можеме да бидеме дел од ЕУ, барем младите да ги направиме Европјани во Македонија, рече претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето пред учесниците на „Школата за млади лидери“ која денеска започнува во Охрид. - Моментот на...

OН: Во Европа пристигнале 137.000 имигранти

Во првата половина на годината, рекорден број имигранти, 137.000, пристигнале од Средоземно Море во Европа, се наведува во објавениот извештај на високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутерес. Во документот се наведува дека тоа е драстично зголемување од 83 отсто во однос на истиот период минатата година. Повеќето од тие имигранти тргнале на ризично, а честопати и смртоносно...

Санкциите кон Русија ја чинат Европа 100 милијарди евра

Кризата во Русија која се должи на санкциите, би можла Европа да ја чини до 100 милијарди евра, предупредуваат стручњаците од виенскиот економски институт „Вифо“ (Wifo). Според новата студија, економската криза во Русија загрозува повеќе од два милиони работни места во Европа. Најголем дел од загубата поради санкциите ќе има Германија, со 27 милијарди евра, а помеѓу оштетените со политиката спрема...

Виетнам ги укинува визите за некои европски земји

Виетнам ги укинува туристичките визи за пет европски земји за да придонесе за туризмот во земјата, која минатата година ја посетиле речиси осум милиони странци. Како што се наведува на веб-страницата на владата, посетителите од Велика Британија, Германија, Франција, Италија и од Шпанија од јули нема да имаат потреба од виза за престој во Виетнам до 15 дена. Одлуката за укинување на туристичките визи...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...