fbpx

„Репортери без граници“: ЕК да заземе цврст став кон Полска

-

„Репортери без граници“ (РСФ) ја повикаа Европската комисија да заземе цврст став кон Полска доколку не се откаже од неодамна усвоениот закон за медиуми.

„Апелираме на ЕУ да биде строга. Почитувањето на слободата и на плурализмот на медиумите се меѓу барањата за пристапување во Унијата. ЕУ не може да бара од земјите-кандидати тоа што не го бара од своите членки. Во прашање е нејзиниот кредибилитет“, се наведува во соопштението на РСФ.

Доколку полската влада, која ја предводи конзервативната и националистичка партија Право и правда, одбие да попушти, Комисијата може да покрене процедура предвидена за „закана за основните европски вредности“, додава групата во соопштение со потсетување дека тој механизам, кој не е користен од воспоставувањето во 2014 година, може да доведе и до тоа на Полска да ѝ се одземе правото на глас во Европскиот совет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...