fbpx

Крал Абдула: Балканот е првата одбранбена линија на Европа

-

Јорданскиот крал Абдула синоќа на Минхенската безбедносна конференција оцени дека земјите од Западен Балкан се првата одбранбена линија на Европа против екстремизмот.

Тој во говорот рече дека мора да се поддржуваат балканските земји со мнозинско муслиманско население во борбата против екстремизмот.

Абдула оцени дека ништо не би ја чинело Европа поскапо од зајакнувањето на екстремизмот на Балканот. Тој рече дека Европа мора на земјите како што се БИХ, Албанија и Косово да им подаде рака, односно „да ги прифати како предводници на стабилноста“. Во спротивно, кралот на Јордан смета дека за неколку години би можело да стане збор за закана која нема да може лесно да се избегне, а тоа не смее да се случи.

Исламска држава била главна тема на првиот ден од конференцијата во Минхен, а кралот Абдула рече дека поради војната во Сирија во моментов на пет Јорданци доаѓа по еден сириски бегалец.

– Арапите и муслиманите имаат одговорност да ја предводат војната против Исламска држава – порача кралот Абдула.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...