fbpx
Таг: европа

таг: европа

„Газпром“: Европа ќе се соочи со недостиг од гас во 2025 година

Европа ќе се соочи со дефицит на гас од вкупно 50 милијарди кубни метри во 2025 година поради намалување на производството на природен гас, рече заменик-претседател на „Газпром“, Александар Медведев. - Сонувачите во Вашингтон тешко дека ќе бидат во можност да обезбедат повеќе од 50 милијарди кубни метри гас до Европа годишно - рече Медведев. Тој додаде дека околу 50 милијарди...

Путин: Европа не треба да се плаши од Русија

Идејата дека еден ден Русија би можела да ја нападне НАТО е бесмислена и нема никаква основа, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто за италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Тој вели дека Европа не треба да стравува од Русија и додаде оти „можеби некој има интерес да поттикнува такви стравови кај европските граѓани“. - Можеби САД сакаат да го спречат приближување...

Делегација од Советот на Европа во посета на Македонија

Делегација на надзорната комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска ќе престојува во посета на Македонија. Во составот на делегацијата се очекува да бидат Штефан Шенах, претседател на Комисијата за надзор, Роберт Валтер, известувачот за Република Македонија, и Андреас Грос, претседател на Групата на социјалисти. За време на посетата, делегацијата од ПС на Советот на Европа ќе се сретне со...

Преполовена е испораката на руска нафта за Европа

Преполовена е испораката на нафта од Русија до Европа преку нафтоводот „Дружба“ поради дефект во Белорусија, соопшти „Транснеф“. Испораката на нафта се очекува целосно да биде вратена во нормала до вечерва. Од „Транснеф“ соопштуваат дека поради дефектот на нафтоводот „Друѓба“, априлската испораката на нафта за Европа веројатно нема да биде целосно спроведена, но наведуваат дека тоа ќе се надомести во мај.

АИ: Траба да се стави крај на трагедиите на Медитеранот

„Амнести интернешнл“ ги повика европските лидери, во пресрет на утрешниот итен самит во Брисел, да почнат хуманитарна операција за да се стави крај на спиралата на трагедии на бродовите со мигранти на Средоземното Море. Во извештајот, АИ ја нарече кризата „европски потонувачки срам“. Директорот на АИ за Европа и за Централна Азија, Џон Далхусеин, рече дека самитот е историска шанса да се запре...

Следната недела нова посета на европски претставници во Македонија

На 22 април, во Македонија ќе допатуваат членовите на работната група на Советот на Европската унија, задолжена за Западен Балкан, потврдуваат службите во Брисел. Посетата на претставниците на Советот е дополнителен знак на загриженост на ЕУ за политичката криза во Македонија, бидејќи таа е на директен предлог на земјите-членки на ЕУ. Македонија, најверојатно, ќе се спомене и во заклучоците на следниот Совет...

ЕУ ќе се бори против „руските дезинформации“

Дваесет и осумте земји-членки на ЕУ заеднички одлучија да ѝ се спротивстават на „руската дезинформација“, изјави на прес-конференција претседателот на европскиот совет, Доналд Туск. Сè уште не е познато во која форма тоа ќе се прави, иако најчесто спомнувана опција е отворање нов европски телевизиски канал на руски јазик, кој ќе се емитува во Русија и ќе ја кажува „фактичката...

Блек: Ако падне Дамаск, ИД ќе тргне на Европа

Американскиот сенатор Ричард Блек смета дека светот ќе се соочи со катастрофални последици доколку припадниците на Исламска држава го освојат главниот град на Сирија. Блек во изјава за телевизијата „Раша тудеј“ рече дека е особено загрижен за судбината на Дамаск, Блискиот Исток и на Европа. - Ако Дамаск падне, црното знаме на Исламската држава ќе полета. За неколку месеци ќе ги...

Роднина на Гадафи предвидува: На Европа ќе ѝ се случи 11 септември

Еден од роднините на убиениот либиски лидер, Муамер ел Гадафи, предупреди дека во Европа за една-две години ќе се случи 11 септември, бидејќи на борците на Исламска држава им се приклучуваат десетина илјади мигранти, кои го преминуваат Медитеранот и стигаат до европскиот брег. Ахмед Гадафи ел Дам, еден од безбедносните претставници во кој Гадафи имаше најмногу доверба, предвидува дека половина...

Совет на Европа: Со прислушувањето новинари се кршат човековите права

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, во ексклузивна изјава за новинската агенција „Мета“ ја изрази својата „сериозна загриженост“ за последните случувања во Македонија и особено за прислушувањето новинари, објавено вчера на прес-конференција на опозицискиот СДСМ. - Многу сум загрижен за наводите за масовно и недозволено прислушување новинари и граѓани во поранешната југословенска република Македонија. Ова се...

Штипскиот универзитет влезе во Европската асоцијација на универзитети

Универзитетот „Гоце Делчев“ стана член на Европската асоцијација на универзитети (ЕАУ). Со членството во оваа меѓународна организација, Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе има пристап до сите информации поврзани со европското високо образование и до соработката со европските универзитети. Со потпишувањето на членството, УГД ќе добие пристап до базата на ЕАУ и ќе има можност за соработка на научни проекти со универзитетите од...

Вонреден состанок на шефовите на дипломатија на ЕУ за нови санкции кон Русија

Министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на ЕУ, денеска во Брисел ќе разговараат за заострување на санкциите кон Русија поради поддршката на официјална Москва за проруските сили во Украина. На вонредниот состанок, се очекува новиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, да се спротистави на воведување нови казнени мерки против Русија, имајќи предвид дека Грција се дистанцираше...

ИД се закани дека ќе му ја отсече главата на Обама во Белата куќа

Радикалната сунитска група Исламска држава во најнов видеозапис директно му се закани на американскиот претседател Барак Обама, јавува „Фокс њуз“. - Обама, знај дека ќе дојдеме во САД. Ќе ти ја отсечеме главата во Белата куќа, а Америка ќе стане муслиманска провинција - се наведува во видеоснимката. Исламските екстремисти, исто така, ѝ се заканија и на Европа. - Ова е порака за Франција...

Орбан: Да се запре имиграцијата во Европа

Имиграцијата во Европа треба да се запре, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан откако присуствуваше на масовниот марш во Париз, на кој им се оддавеше чест на жртвите и се изразуваше протестот против тероризмот. - Не би требало на економската имиграција да гледаме како на нешто корисно затоа што таа носи само неволји и е закана за луѓето во Европа. Затоа...

„Билд“: Масакрот во Париз е почеток на нападите во Европа?

Минатонеделните терористички напади во Париз би можеле да бидат првиот бран напади што допрва ќе ја зафатат Европа, јавува германскиот весник „Билд“, цитирајќи извештаи на американската разузнавачка агенција НСА, која успеала да пресретне комуникација меѓу лидерите на Исламска држава. Париз е посочен како прв од серијата планирани напади на европските градови, која го вклучува и Рим, пишува „Билд“, притоа не откривајќи го целиот...

„Епл пеј“ наскоро пристига и во Европа

Компанијата „Епл“ би можелa на почетокот од следната година да ја воведе својата услуга за плаќање со мобилен телефон „епл пеј“ и во Европа. Според информации на порталот „Зон-нумерик“, информатичката куќа е во преговори со британските банки за да го понуди сервисот во Велика Британија. Британскиот весник „Телеграф“ пишува дека најголемите финансиски установи во Велика Британија се заинтересирани за соработка со „Епл“, за да понудат...

„Тајмс“ ја прогласи Ангела Меркел за личност на годината

Британскиот весник „Тајмс“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за личност на годината. Во образложението на својата одлука, весникот ја истакнува централната улога на Меркел во зачувувањето на стабилноста во Европа. Според оценките на „Тајмс“, германската канцеларка е најзаслужна што не дојде до поголеми геополитички нарушувања по руската агресија во Источна Европа. Германската канцеларка, која во 2016 година треба да одлучи дали на...

Бајден: Време е Европа да ја намали зависноста од руските нафта и гас

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во денешниот говор на конференцијата на Атлантскиот совет во Истанбул, рече дека е време Европа да ја подобри енергетската безбедност и да најде други извори за снабдување со енергенти за да ја намали зависноста од Русија, пренесуваат светските медиуми. Тој предупреди на досегашната практика на Русија, енергентите да ги користи како оружје во својата политика кон соседите. Американскиот...

Поради неквалитет БИХ годишно губи 200 милиони КМ

Не воспоставува соодветен систем на инфраструктура за квалитетот според европските стандарди
Босна и Херцеговина годишно губи околу 200 милиони КМ бидејќи не воспоставува соодветен систем на инфраструктура за квалитетот според европските стандарди, за да може да пласира месо, млеко и млечни производи, јајца и мед, на пазарите во ЕУ, изјави директорот на Институтот за едукација на Надворешнотрговската комора на БИХ, Дуљко Хасиќ. - БИХ и по 15 месеци по влезот на Хрватска...

Наскоро директни летови од Охрид кон европски метрополи

Еден милион услужени патници за 9 месеци е успех на сите учесници во авиосообраќајот, посочи денеска Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. Од концесионирањето во 2010 година бројот на патници е зголемен за 66 проценти. Министерот Јанакиески најави дека наскоро ќе биде објавен повик за нова нискобуџетна авиокомпанија со летови до Шпанија и до Норвешка, а исто така наскоро може да...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...