fbpx

Груевски и Лидингтон на средба за мигрантската криза и за изборите

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон.

На средбата соговорниците разговарале за повеќе актуелни теми поврзани со соработката и со стратешките интереси, со претстојните избори, нивното спроведување, како и со глобалните предизвици во однос на мигрантската криза.

„Груевски посочи дека приоритет се организирање и спроведување на слободни и демократски избори, на кои граѓаните во демократски амбиент ќе одлучат за иднината на државата. Тој истакна дека за остварување на ваквата цел потребен е ангажман на сите чинители вклучени во самиот процес и нивен конструктивен пристап. Груевски подвлече дека изборите ќе значат излез од наметната политичка криза, по што институциите ќе го добијат потребниот капацитет за продолжување на реформите кои значат системско унапредување, подигнување на стандардот и решавање на проблемите на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски ги афирмирал и стратешките интереси за членство во НАТО и во Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...