fbpx
Таг: Египет

таг: Египет

Сто повредени во железничка несреќа во Египет

Повеќе од 100 лица се повредени при удар на патнички воз во бетонски ѕид на југот на Каиро, јавуваат египетските медиуми. Поради силниот удар, возот излетал од шините, а предниот дел на еден вагон летнал неколку метри во воздух. Возот се движел од Асуна кон главниот град. Повеќе десетина амбулантни возила се на местото на несреќата.

Воен авион падна во Египет

Египетската војска соопшти дека нејзин ловец „ф-16“ паднал за време на воени вежби, на локација која не се наведува, при што загинал целиот екипаж. Во соопштението не се наведува колку лица загинале, ниту дополнителни детали за несреќата. Портпаролот на египетската војска, Мохамед Самир, на новинарско прашање за падот на „ф-16“ рече дека деталите се важни само за војската.

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Каиро

Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот бомбашки напад во Каиро, во кој загинаа девет лица. Милитантите извеле операција во која се убиени шест полицајци, додека други тројца полицајци загинаа при напад на минирана куќа во близина на египетските пирамиди. ИД ги засили нападите на египетските војници и полицајци откако во 2013 година војската го собори претседателот Мохамед Морси...

Екстремистите на Синај убија петчлено семејство

Екстремистите на северниот дел на Синајскиот Полуостров гранатирале куќа во близина на контролниот пункт и убиле петчлено семејство, соопштија денеска египетските претставници. Здравствените и безбедносните претставници рекоа дека една од жртвите, петгодишно девојче, останало затрупано под остатоците од куќата во градот Рафа. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Синајскиот Полуостров веќе со години е зафатен со насилства на бунтовниците, кои ескалираа...

Египет: Нема докази дека рускиот авион е намерно урнат

Египет досега не пронашол ништо што укажува на терористичка акција во врска со падот на рускиот патнички авион на Синај на 31 октомври, кога загинаа 224 лица, се наведува во прелиминарниот извештај за настанот. - Комисијата за техничка истрага досега не открила никаков знак за незаконско мешање или за терористички активности -  соопшти министерството за цивилна авијација. Русија претходно објави дека...

Шестнаесет загинати во експлозија во Каиро

Најмалку 16 лица денеска загинаа, а двајца се повредени кога во ресторан во Каиро е фрлен молотов коктел, изјавија египетските претставници. Напаѓачот бил работник кој бил отпуштен од ресторан во областа Агуза, во центарот на Каиро. Ресторанот бил сместен во подрум, а работел и како ноќен клуб. Еден претставник претходно рекол дека има 18 жртви.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Египет

Египетското крило на Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој беа убиени четири лица во хотел на северот на Синај, главниот град на провинцијата Ал Ариш, каде престојуваат судиите што ги надгледуваат парламентарните избори. Изјавата на групата од синајската провинција циркулира меѓу нивните приврзаници на „Твитер“, преку шифрираниот систем на пораки „Телеграм“. Државната телевизија и безбедносните извори наведоа дека најпрво...

Во експлозија на бомба во Египет загинаа четири лица

Во експлозии на две бомби, во близина на хотел во египетскиот град Ал-Ариш, најголемиот на Синајскиот Полуостров, најмалку четири лица загинаа, а 12 се повредени. Во хотелот биле сместени судии, учесници во избирачкиот процес во земјата. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во експлозиите загина еден полицаец, додека двајца судии се повредени.

ИД објави фотографија од бомбата што го урна рускиот авион во Египет

Фотографија од наводни делови од бомбата што е употребена за уривање на рускиот патнички авион над Египет, убивајќи 224 лица, е објавена во магазин близок на Исламска држава. Лименка и нешто што наводно е детонатор и осигурувач, се искористени за да се направи импровизираната бомба, а фотографијата е денеска објавена во магазинот „Дабик“. На друга фотографија се прикажани пасоши на руските патници...

Во странство ќе се анализира снимката од рускиот авион

Египетскиот министер за авиосообраќај, Хосам Камал, денеска изјави дека во странство ќе бидат анализирани последните секунди од снимката од пилотската кабина на рускиот патнички авион, кој на 31 октомври се урна на Синај. - Снимката треба да биде анализирана со користење технологија каква што не постои во повеќето земји – рече Камал. Во истрагата за падот на авионот, во кој загинаа...

Русија за 24 часа евакуирала 11.000 туристи од Египет

Руските власти во последните 24 часа од Египет евакуирале 11.000 руски туристи, изјави денеска заменик-премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович. Се очекува да се вратат уште поголем број туристи, рече Дворкович и додаде дека денеска уште поинтензивно ќе се транспортираат руски граѓани. Околу 80.000 Руси останаа „заглавени“ во Египет, најмногу во Хургада и во Шарм ел Шеик, откако официјална Москва ги суспендираше...

Египет покрена истрага за вработените на аеродромот

Египетските власти соопштија дека е покрената истрага за сите вработени на аеродромот во Шарм ел Шеик кои имале некаква врска со урнатиот руски авион. Неименувани безбедносни официјални лица и преставници на аеродромот потврдиле дека властите ги испрашуваат вработените на аеродромот и дека почнале надзор на дел од нив, поточно на тие што работеле на летот на руската авиокомпанија „Метроџет“, чиј авион се урна на 31...

Продолжува потрагата на Синај

Руските спасувачи пребарале подрачје со површина од 40 квадратни километри на местото на падот на авионот „ербас А321“ во Египет, соопшти руското министерство за вонредни работи. Спасувачите нашле лични предмети и документи на патници, а потрагата продолжува и денеска. Во меѓувреме, британските истражувачи велат дека причина за падот на рускиот авион во Египет е бомба, која била поставена во делот на...

Египет: Аеродромот во Шарм ел Шеик е безбеден

Египетските претставници соопштија дека аеродромот и летувалиштето Шарм ел Шеик се безбедни и оти Велика Британија треба да ги почека резултатите од истрагата за падот на рускиот авион пред да ги запре сите летови на таа дестинација. Висок претставник на воздушниот сообраќај, кој посакал да остане анонимен, рекол дека британските и руските тимови вчера ги проценувале безбедносните процедури на аеродромот...

Почнаа долго одложуваните парламентарни избори во Египет

Во Египет денеска почна првиот круг гласање за избор на членови на новиот парламент, кој долго време беше одложуван, јавуваат медиумите. Станува збор за први избори во земјата откако претходниот состав на парламентот беше распуштен со одлука на судот уште во 2012 година. Според властите во Египет, изборите се последниот чекор кон воспоставување целосна демократија во земјата. Од друга страна, според критичарите,...

Откриени две нови простории во гробницата на фараонот Тутанкамон

Kралицата Нефертити можно е да е погребана во една од двете новооткринеи простории во гробницата на фараонот Тутанкамон, смета британскиот археолог Николас Ривс, пренесува „Би-Би-Си“. Според Ривс, скeнарањата извршени со специјален радар, за чија употреба британскиот археолог добил дозвола од египетските власти, откриле две дополнителни простории, сокриени во ѕидовите на гробницата. Инаку, Ривс се обидува да ја докаже својата теорија дека...

Франција ќе му ги продаде руските бродови на Египет

Франција со согласи да ги продаде двата носачи на хеликоптери „Мистрал“ на Египет, кои првично беа изработени по нарачка на Русија. Портпаролот на францускиот претседател Франсоа Оланд, соопшти дека со Египет веќе се договорени начелата и условите за купувањето на двата брода. Зделката е договорена во Париз, за време на средбата на највисоко ниво на француските и на египетските делегации. Претходно беше...

ХВР: Египет уништил 3.2000 куќи во борбата против екстремистите

Египетските власти во последните две години раселиле 3.200 семејства и ги уништиле нивните домови на Синајскиот Полуостров, кршејќи го меѓународното право, соопшти денеска организацијата за човекови порава „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ). Египетската војска урнала куќи и уништила посеви на стотина хектари земјоделско земјиште долж границата со појасот Газа за да создаде демилитаризирана, односно „тампон-зона“ и да ги отстрани тунелите за шверц,...

Мексиканските туристи тврдат дека во Египет биле нападнати од авион

Туристите од Мексико кои утринава по грешка беа нападнати од египетската војска, на амбасадорот на нивната земја му соопштиле дека биле мета на авионски напад. Тоа го изјави секретарката за надворешни односи на Мексико, Клаудија Руис Масје, и потврдила дека во нападот загинале двајца туристи, а шест луѓе се ранети. Таа на прес-конференцијата за новинари рекла дека Мексиканците настрадале во...

Египетската војска по грешка уби 12 туристи

За време на антитерористичките акции на западот на земјата, египетските сили за безбедност по грешка отвориле оган врз возила во кои се наоѓале туристи, при што убиле 12 лица, а раниле десет Мексиканци и Египќани, објави египетскиот министер за внатрешни работи. Војската била во потрага по „терористички елементи“ на тоа подрачје, кога настанала забуната и го нападнале конвојот од четири...

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...