fbpx

ИД објави фотографија од бомбата што го урна рускиот авион во Египет

-

Фотографија од наводни делови од бомбата што е употребена за уривање на рускиот патнички авион над Египет, убивајќи 224 лица, е објавена во магазин близок на Исламска држава.

Лименка и нешто што наводно е детонатор и осигурувач, се искористени за да се направи импровизираната бомба, а фотографијата е денеска објавена во магазинот „Дабик“.

На друга фотографија се прикажани пасоши на руските патници што загинаа во бомбардирањето на рускиот патнички авион, заедно со други документи што ги заплениле борците на ИД.

Автентичноста на фотографиите засега не е потврдена.

Руската федерална безбедносна служба вчера соопшти дека терористички напад е причина за падот на авионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.