Екстремистите на Синај убија петчлено семејство

Екстремистите на северниот дел на Синајскиот Полуостров гранатирале куќа во близина на контролниот пункт и убиле петчлено семејство, соопштија денеска египетските претставници.

Здравствените и безбедносните претставници рекоа дека една од жртвите, петгодишно девојче, останало затрупано под остатоците од куќата во градот Рафа.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Синајскиот Полуостров веќе со години е зафатен со насилства на бунтовниците, кои ескалираа во 2013 година, кога од власт беше симнат исламистот Мохамед Морси.

Соработниците на Исламска држава на Синај повеќепати ја напаѓаа египетската војска и ја презедоа одговорноста за уривањето на рускиот авион на 31 октомври, при што загинаа 224 лица.