fbpx

Почнаа долго одложуваните парламентарни избори во Египет

-

Во Египет денеска почна првиот круг гласање за избор на членови на новиот парламент, кој долго време беше одложуван, јавуваат медиумите.

Станува збор за први избори во земјата откако претходниот состав на парламентот беше распуштен со одлука на судот уште во 2012 година.

Според властите во Египет, изборите се последниот чекор кон воспоставување целосна демократија во земјата.

Од друга страна, според критичарите, најголем дел од кандидатите се поддржувачи на претседателот на Египет, Абдул Фатах ал-Сиси, што само ќе ја зацврсти неговата власт.

Претседателот Сиси е поранешен генерал, кој во 2013 година со воен удар го собори од власт тогашниот претседател Мухамед Морси и ја забрани неговата партија Муслиманско братство, чии членови, во најголем дел, сега се во затвор и се соочуваат со смртни казни.

Како што јавува „Би-Би-Си“, на гласачките ливчиња на денешните избори се наоѓаат повеќе личности од времето на режимот на соборениот автократ Хосни Мубарак.

Бидејќи се одржуваат во два круга, конечните резултати од парламентарните избори во Египет, најверојатно, ќе бидат познати дури на почетокот од декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...