fbpx

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Каиро

-

Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот бомбашки напад во Каиро, во кој загинаа девет лица.

Милитантите извеле операција во која се убиени шест полицајци, додека други тројца полицајци загинаа при напад на минирана куќа во близина на египетските пирамиди.

ИД ги засили нападите на египетските војници и полицајци откако во 2013 година војската го собори претседателот Мохамед Морси од Муслиманско братство, по масовните протести против неговата власт.

Претседателот Абдел Фатах ал Сиси го опиша разгранокот на Исламска држава во Синај како егзистенционална закана за земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.