fbpx

Вчера низ земјава минале 887 мигранти, затворањето на границата и понатаму нејасно

-

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за признавање на правото на азил на вкупно 887 мигранти, за разлика од претходниот ден, кога не беше издадена ниту една потврда поради затворањето на границата.

Според државјанството, најбројни се мигрантите од Авганистан, односно 397, од Сирија 358 и од Ирак 132 лица.

Од почетокот на оваа година заклучно со вчерашниот ден низ земјава, според податоците на МВР, поминале 36.804 мигранти, на кои им бил издаден документ за 72-часовен легален престој во земјава.

МВР вчера информираше дека во земјава ќе се пропуштаат само мигрнати на кои во документите добиени од грчките служби е наведена крајната десетинација, односно земјата од Европската унија во која сакаат да заминат и да бараат азил.

Деновиве настанаа контроверзии околу причините за затворењето на јужната граница, за мигранти кај котата 59. Од МВР во средата изјавија дека границата е затворена поради дефект на словенечката железничка мрежа.

– Бевме известени од другите земји од т.н. западно-балканска рута да го редуцираме бројот на мигранти поради дефект на железничката пруга во Словенија. Ние добивме известување од Србија и го проследивме до Грција – ни изјави Дејана Недељковиќ од секторот за односи со јавноста на МВР.

Словенечката амбасада во земјава, пак, вчера преку соопштение ја демантираше оваа информација и истакна дека железничкиот сообраќај во земјата изминатите денови се одвивал непрекинато.

„Република Словенија не побарала од Република Македонија да ја затвори границата со Грција. Индикациите дека сме го направиле тоа поради тешкотии во словенечката железничка мрежа, се погрешни. Железничкиот сообраќај во Словенија се одвива непрекинато, така беше и во претходните денови. На пругите нема, ниту имаше непланирани прекини во изминатите денови, кои би оневозможиле транспорт на возовите, а „Словенске железнице“ и понатаму обезбедуваат непречен транспорт на возовите со мигранти, како што е договорено со Министерството за внатрешни работи на Република Словенија“, беше наведено во демантот од словенечката амбасада во Скопје.

Од МВР засега нема официјален став во врска со демантот на словенечката амбасада и евентуална информација околу вистинските причини за затворањето на границата во вторникот вечерта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...