fbpx

Франција ќе му ги продаде руските бродови на Египет

-

Франција со согласи да ги продаде двата носачи на хеликоптери „Мистрал“ на Египет, кои првично беа изработени по нарачка на Русија.

Портпаролот на францускиот претседател Франсоа Оланд, соопшти дека со Египет веќе се договорени начелата и условите за купувањето на двата брода.

Зделката е договорена во Париз, за време на средбата на највисоко ниво на француските и на египетските делегации.

Претходно беше јавено дека неколку земји пројавиле интерес да ги купат носачите, кои беа изградени за Русија. Меѓу заинтересираните биле Канада, Индија, Сингапур и Египет, а Париз, на крај, одлучи да му ги продаде бродовите на Египет.
Преговорите за малку ќе пропаднеа минатата недела, кога Париз и Каиро не можеа да се договорат за цената на двата брода.

Франција и Русија го потпишаа договорот за двата брода „Мистрал“, вреден 1,2 милијарди евра, во 2011 година. Во согласност со договореното, првиот носач на хеликоптери требаше да биде испорачан во 2014 година, додека вториот – годинава. Русија требаше да учествува во изградба на трупот и да обезбеди сопствена воена електронска опрема за воените бродови.

Франција одлучи да не ѝ ги предаде бродовите на Русија, откако се најде под силен притисок на САД и на европските сојузници зашто Русија го анектираше Крим и ги поддржа проруските бунтовници на истокот на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...