fbpx

Египет покрена истрага за вработените на аеродромот

-

Египетските власти соопштија дека е покрената истрага за сите вработени на аеродромот во Шарм ел Шеик кои имале некаква врска со урнатиот руски авион.

Неименувани безбедносни официјални лица и преставници на аеродромот потврдиле дека властите ги испрашуваат вработените на аеродромот и дека почнале надзор на дел од нив, поточно на тие што работеле на летот на руската авиокомпанија „Метроџет“, чиј авион се урна на 31 октомври со 224 патници и членови на екипажот, 24 минути по полетувањето.

Заменикот на рускиот премиер, Аркадиј Дворкович, соопшти дека египетската војска ја презела контролата над регистрацијата на патниците за летовите од Египет.

Русија во петокот ги суспендираше сите летови во Египет сè додека земјата не ја засили безбедноста на воздушниот сообраќај, но одобри посебни летови со кои руските туристи ќе се вратат дома.

Руски авиокомпании испраќаат празни авиони во Египет за да можат да ги вратат дома Русите кои се таму, а нивниот број се проценува на 80.000. Најголемиот дел од нив се наоѓаат во летувалиштата на Црвено Море. Дворкович вели дека денеска се организирале околу 10 такви летови, а на патниците им е дозволено да понесат само рачен багаж.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...