fbpx

ХВР: Египет уништил 3.2000 куќи во борбата против екстремистите

-

Египетските власти во последните две години раселиле 3.200 семејства и ги уништиле нивните домови на Синајскиот Полуостров, кршејќи го меѓународното право, соопшти денеска организацијата за човекови порава „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).

Египетската војска урнала куќи и уништила посеви на стотина хектари земјоделско земјиште долж границата со појасот Газа за да создаде демилитаризирана, односно „тампон-зона“ и да ги отстрани тунелите за шверц, јавува „Би-Би-Си“.

Акцијата на египетските власти против исламските бунтовници на северот на Синај погоди неколку илјади цивили, па постои можност голем број луѓе да се свртат против власта, наведува ХРВ.

Како што наведува „Би-Би-Си“, војската почнала со уништување на куќите во 2013 година, по серијата џихадистички напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...