fbpx
Таг: Египет

таг: Египет

Во бродолом кај Египет, се удавија 115 мигранти

Египетските власти денеска од море извлекоа 115 тела, три дена откако се преврте брод со мигранти кај средоземниот брег на Египет. Гувернерот на провинцијата Бехеира, Мохамед Султан, рече дека стравува оти во бродоломот настрадале уште неколку десетици бегалци и мигранти. Бродот се превртел на 12 километри од градот Розета, на северот на Египет. Египетската новинска агенција МЕНА јави дека бродот превезувал околу...

Иванов и Ал-Сиси разговараа за борбата против тероризмот и насилниот екстремизам

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Њујорк во рамките на 71. Генерално собрание на Обединетите нации се сретна со претседателот на Египет, Абдел Фатах ал–Сиси. На средбата, претседателите размениле мислења за актуелната состојба со мигрантската криза, како и за борбата против тероризмот, насилниот екстремизам и радикализам, при што се согласиле дека е неопходно да се продлабочи соработката на...

На брегот на Израел пронајдени делови од урнатиот египетски авион

Остатоци од летало за кои се верува дека се од авионот на „Иџипт ер“, кој се урна во мај годинава во Средоземно Море, биле најдени долж брегот на Израел, соопштила денеска канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавуваат светските медиуми. Деловите биле најдени вчераутро, северно од Тел Авив, на брегот на приморскиот град Натанија, било наведено во соопштението, во кое...

Пронајдени главните локации на кои се остатоците на египетскиот авион

Специјална подморница што трагала по остатоците од урнатиот авион на компанијата „Иџипт ер“ пронашла неколку главни локации на кои се наоѓаат делови од остатоците на леталото, соопшти Египетскиот истражен комитет. Подморницата на истражителите им испратила и први снимки од остатоците. Истражувачкиот тим сега ќе направи мапа на локации на кои се наоѓаат остатоците од авионот, стои во соопштението. Остатоците на авионот се...

Египет со подморница ги бара црните кутии од урнатиот патнички авион

Египетските власти ангажирале подморница во потргата по црните кутии со податоците за летот на авионот на „Египет ер“ кој во четвртокот се урна во Средоземното море, пренесуваат медиумите. „Работиме напорно за да ги најдеме двете кутии“, изјавил египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси, во неговиот прв коментар во врска со несреќата, пренесува „Би-би-си“. Египетскиот министер за цивилна авијација, како што пренесува...

Египетската војска ги пронајде остатоците од „Египет ер“

Египетската војска денеска соопшти дека ги пронашле остатоците од авионот кој се урна на лет од Париз до Каиро. Портпаролот на војската рече дека остатоците се пронајдени на околу 280 километри од египетското пристаниште Александрија. Авионот од типот „Ербас А320“ на компанијата „Египет ер“, со 66 патници и членови на екипажот во четвртокот исчезна од радарите.

Се уште не се знаат причините за падот на египетскиот авион

Нема никакви индикации за причините за вчерашната несреќа на египетскиот авион, соопшти денеска шефот на француската дипломатија Жан Марк Еро. - Се разгледуваат сите хипотези, но ниту една не преовладува, бидејќи немаме апсолутно никакви индикации за причините - рече Еро. Официјален Каиро вчера соопштија дека можно е причина за падот на авионот да е терористички напад.

Пронајдени делови од исчезнатиот египетски авион

Остатоци од исчезнатиот египетски патнички авион се пронајдени во близина на грчкиот остров Карпатос. Грчките власти претходно соопштија дека во јужниот дел на Средоземното Море се пронајдени два објекти како лебдат во водата, на околу 80 километри јужно од островот. Грчката фрегата пронашла големи пластични објекти со бела и црна боја, соопшти извор од грчкото Министерство за одбрана. Во потрагата по...

Египетскиот авион се урнал кај грчкиот остров Карпатос

Авионот на египетската авиокомпанија „Египет Ер“, кој исчезна од радарите на летот од Париз кон Каиро, се урнал во близина грчки остров Карпатос, соопшти извор од грчкото воздухопловството. Според истиот извор, авионот бил во египетскиот воздушен простор, кога исчезнал од грчките радари. Леталото се урнало на околу 130 наутички милји од островот Карпатос. Компанијата „Египет Ер“ денеска соопшти дека авион со...

Престрелка во Египет – убиени двајца полицајци и тројца припадници на ИД

Во престрелка во северниот дел на Синајскиот Полуостров убиени се двајца египетски полицајци и тројца припадници на Исламска држава, соопштија египетските власти. Престрелката се случила синоќа, кога група терористи отвориле оган врз контролен пункт на египетските сили за безбедност. Египет е честа мета на напади откако во јули 2013 година армијата го собори од власт претседателот Мохамед Морси, лидер на исламското...

Египет: Смртна казна за шпионажа во корист на Катар

Египетскиот суд денеска осуди на смрт шест поранешни функционери на забранетата група Муслимански браќа во Египет, кои беа обвинети за шпионажа во корист на Катар. Пред да станат правосилни, пресудите мора да добијат одобрение од високиот муфтија на Египет. Во меѓувреме, судот го одложи за 18 јуни објавувањето на пресудите против главниот обвинет во случајот - поранешниот претседател Мохамед Морси, и против...

Египет: 400 мигранти се удавија во близина на африканскиот брег

Повеќе од 400 илегални имигранти се удавија во Средоземно Море кога бродот со кој се обиделе да стигнат до брегот на Европа се превртел, јавува „Би-би-си“. Според информациите на египетските власти, најголем дел од загинатите биле од Сомалија, а бродот кој пловел кон Италија се превртел во близина на африканскиот брег.

Италија го повлече амбасадорот во Египет поради убиство на студент

Италија го повлече својот амбасадор во Каиро поради итни консултации, во моменти кога Рим инсистира да ја дознае вистината за случајот со мачење и со убиство на италијански студент во Египет. Италијанското министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на дипломатијата, Паоло Џентолини, донел таква одлука по дводневниот состанок во Рим со египетскиот истражител, претставници на италијанската полиција и со...

Експлозија во Египет – седум загинати и 15 повредени

Најмалку пет египетски војници, офицер и жена загинаа во експлозија кај два оклопни транспортера, а 15 лица се ранети на Синајскиот Полуостров, изјавија безбедносните служби на Египет. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите. Извори наведуваат дека неколку експлозивни направи со далечинско управување се активирани при минување на возила на патот Рафа и Шејк Зујавед, на југот на Египет. Египет е...

Киднапиран авион на „Египет Ер“ со 81 патник

Патнички авион на „Египет Ер“ е киднапиран од засегна непознато лице, јавува „Би-би-си“. Киднаперот го принудил екипажот да го приземји авионот на аеродромот „Ларнака“ на јужниот брег од грчкиот дел на Кипар. Според информациите, станува збор за авион од тимот „Ербас А320“ на летот МС181, во кој имало 81 патник. Авионот летал од Александрија до Каиро, а бил киднапиран...

Иванов ќе ја посети Александриската библиотека

Во рамките на официјалната посета на Египет, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ја посети Александриската библиотека, град кој е главно египетско пристаниште на Средоземно Море. Александриската библиотека била најголема и најпозната во античкиот свет. Во 3 век п.н.е ја основал Птоломеј Први Сотер, била центар на древната наука и уметност. Имала неколку десетици илјади дела напишани на...

Иванов во официјална посета на Египет

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, и неговата сопруга Маја од денеска престојуваат во официјална посета на Арапската Република Египет. Иванов во Каиро ќе оствари средба со Претседателот на Арапската Република Египет Абдел Фатах Ал Сиси, а ќе се сретне и со Претседателот на Парламентот Али Абдел-Ал. Во рамки на официјална посета на Арапската Република Египет, Иванов утре ќе учествува на...

Тројца повредени во експлозија во Каиро

Најмалку три лица загинаа кога експлозивна направа била активирана во населен кварт во Каиро, јави египетската новинска агенција МЕНА. Експлозивната направа била поставена на улицата Фејсал, а активирана била доцна синоќа во момент кога минувал полициски конвој. Од експлозијата се оштетени две полициски возила, а властите уапсиле едно осомничено лице. Египетските власти се борат против побунетите исламисти на северот на Синај, а бунтот...

Сто повредени во железничка несреќа во Египет

Повеќе од 100 лица се повредени при удар на патнички воз во бетонски ѕид на југот на Каиро, јавуваат египетските медиуми. Поради силниот удар, возот излетал од шините, а предниот дел на еден вагон летнал неколку метри во воздух. Возот се движел од Асуна кон главниот град. Повеќе десетина амбулантни возила се на местото на несреќата.

Воен авион падна во Египет

Египетската војска соопшти дека нејзин ловец „ф-16“ паднал за време на воени вежби, на локација која не се наведува, при што загинал целиот екипаж. Во соопштението не се наведува колку лица загинале, ниту дополнителни детали за несреќата. Портпаролот на египетската војска, Мохамед Самир, на новинарско прашање за падот на „ф-16“ рече дека деталите се важни само за војската.