Најмалку три лица загинаа кога експлозивна направа била активирана во населен кварт во Каиро, јави египетската новинска агенција МЕНА.

Експлозивната направа била поставена на улицата Фејсал, а активирана била доцна синоќа во момент кога минувал полициски конвој.

Од експлозијата се оштетени две полициски возила, а властите уапсиле едно осомничено лице.

Египетските власти се борат против побунетите исламисти на северот на Синај, а бунтот му се заканува и на континенталниот дел на Египет.