fbpx

Во Грција чекаат 41.973 бегалци

-

Во Грција во моментов има регистрирано 41.973 бегалци. Грчката влада и специјалната комисија за справување со бегалската криза објавија нови податоци за тоа колкава е бројката на бегалци во секој од прифатните центри, островите и во кампот кај Идомени.

Според официјалните информации, во кампот на Идомени има 12.000 луѓе кои чекаат во неизвесност да заминат за Европа. На островите Лезбос, Кос, Самос, Хиос, Лерос и Самотраки има вкупно 9.428 бегалци, иако прифатните центри имаат капацитети за 7.450 луѓе. Од вчера до изутринава на островите пристигнале 2.373 нови бегалци преку Турција.

Во и околу Атина има 9.623 бегалци, од нив најголем број сместени во празните хали на стариот аердром „Елинико“ и на пристаништето Пиреа.

Во прифатните центри во Северна Грција, заедно со Идомени, има 22.662 регистрирани бегалци.

Грчкиот министер за поморство, Теодорос Дрицас, во интервју за телевизијата „Мега“ истакна дека последните три дена се забележува зголемување на бројката на бегалци кои доаѓаат од Турција во Грција.

Изутринава во Егејско Море при преносот на бегалци се случи нова трагедија. Пет бегалци, меѓу кои и едно дете, загинаа по превртување на гумен чамец кој патувал кон островот Лезбос.

По затворањето на официјалниот премин за бегалците кај Идомени, во Грција сè повеќе се слушаат информации дека одново ќе се активира нелегалниот шверц на бегалците.

Според информациите на бегалците, шверцерите им нудат пренесување од Идомени во Македонија преку скриени планински рути околу Дојран за 800 евра. Патувањето е околу осум часа пеш, а потоа бегалците се оставени сами на себе, соочени со опасноста да бидат најдени и уапсени од македонската полиција.

Како што изминуваат деновите, како што чекаат на македонско-грчката граница, за голем број од нив секнуваат и финансиите. Дел успеваат да добијат помош од роднините дома или оние среќните кои успеале да стигнат до „Вестерн унион“, пред чија канцеларија во Идомени чека долга редица. Други, пак, не знаат како ќе се снајдат бидејќи парите ги снемува.

– Имам уште 25 евра со мене. Не знам што ќе правам понатаму, како ако воопшто ја преминам границата ќе го продолжам патувањето, а тука сум веќе 10 дена – ни изјавува бегалец од Ирак, заглавен на Идомени.

Покрај храната и водата што ја добиваат од невладините организации, бегалците добиваат храна, кроасани, сендвичи и по шише вода или сок и од големиот број волонтери кои секојдневно носат донации. Бегалците кои имаат сè уште средства, се осудуваат да купат и по нешто од кантината поставена кај кампот  каде сендвичите ќинат од две до три евра, шишето вода 50 центи, топлото млеко едно евро, бисквитите едно-две евра. Секојдневно во кампот доаѓа и мало комби од пекара во Кукуш, кое продава векни леб по 80 евроценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...