fbpx
Таг: Државен инспекторат за животна средина

таг: Државен инспекторат за животна средина

Линданот се товари во транспортни контејнери, се очекува конечно да се извезе на уништување

Опасниот отпад линдан, изваден од малата депонија во ОХИС и спакуван во специјализирани буриња од вчера започна да се товари во контејнери за транспорт, информираат од Државниот инспекторат за животна средина. Како што додаваат оттаму, пестицидот ќе биде пренесен со товарни возила до Солунското пристаниште во Грција од каде со брод заминуваат за Франција која е крајна дестинација за...

Резервоарот за нафта во фабриката „Треска“, која неодамна гореше, е празен, констатирала инспекцијата за животна средина

Резервоарот за нафта во поранешната фабрика за мебел Треска, во која неодамна се случија два пожари едноподруго, е празен, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во третиот инспекциски увид во последните денови, инспектори на ДИЖС и на Општината Центар го посетиле местото каде се наоѓа резервоарот за нафтени деривати и утврдиле дека е изграден согласно тогашните постоечки стандарди и...

Новиот Закон за инспекција во животната средина усвоен, треба да обезбеди поефикасни контроли на загадувачите

Законот за инспекциски надзор во животната средина, по неколку години доцнење, денеска, конечно беше усвоен од Собранието. Новиот закон, што го изработи Министерството за животна средина и просторно планирање, треба да обезбеди реформирање и подобра организација и соработка на инспекциските служби на централно и на локално ниво, што треба да резултира со подобра и поефикасна заштита на животната средина. Од...

Државниот инспекторат за животна средина ќе вработи тројца нови инспектори, потребни се уште повеќе

Државниот инспекторат за животна средина и годинава ќе добие тројца нови инспектори, откако на огласот кој беше распишан минатата година беа вработени двајца. Сепак и со нив, оваа институција ќе биде многу далеку од бројот на вработени кој навистина ѝ е потребен за да може ефикасно да функционира. Илјадници објекти низ целата држава во моментов треба да ги контролираат 22...

„Шанса за Центар“ бара да се утврди дали пожарот во „Треска“ е подметнат и какви материи се чуваат во фабриката

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ реагираа по пожарите што вчера и денеска ја зафатија поранешната фабрика за мебел „Треска“ во центарот на Скопје. Тие бараат да се утврди дали пожарот во „Треска“ е подметнат и какви материи се чуваат на оваа локација. „Старите хали повторно горат кога е во ек јавна дискусија за тоа што ќе се случува понатаму...

Поставувањето на шаторот преку малата депонија со линдан е во завршна фаза

Компанијата „Полиеко“ е во завршна фаза на поставување на заштитниот шатор над малата депонија со линдан во ОХИС. Направена е маталната конструкција на која ќе треба да се монтира шаторот, откако во претходните неколку месеци се вршеше расчистување на теренот, ископување ровови и поставување на темели за конструкцијата. Шаторот, кој се поставува преку целата локација на малата депонија и...

Инспекторите за животна средина за шест месеци изрекле казни од вкупно 380.000 евра

Државните инспектори за животна средина, за шест месеци, во периодот од јули до крајот на 2021 година, изрекле девет парични казни во вкупна висина од 380.000 евра. Три од казните, две за Булмак од Пробиштип и една за Бучим од Радовиш, се по 100.000 евра. Директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Сретен Стојковски денеска информираше дека Инспекторатот во...

Инспекторатите бараат арсенот во Лојане и Табановце да се огради и да има табли за предупредување

По пишувањата на Мета.мк и Порталб.мк за опасностите од расфрланиот арсен и други отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце, Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) на 4 февруари годинава изврши инспекциски надзор на посочените локации и констатирале дека јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај железничката станица во Табановце не се оградени и не се поставени...

Загадувањето на воздухот изминативе денови не е од индустријата, велат од Инспекторатот за животна средина

Нема загадување на воздухот од големите индустиски капацитети, информираше денеска на прес конференција директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. Инспекторите направиле контроли во повеќе индустриски капацитети, меѓу кои и „Макстил“, Цементарницата „Усје“, во депонијата „Дрисла“ и во големите енергетски компании, каде констатирале дека нема отстапувања на емисиите од дозволените вредности. Повеќето од овие компании имале и...

Три тони линдан најдени во магацин во ОХИС, фирмата задолжена да ги испрати на уништување

Нови количини на линдан се пронајдени во магацин во ОХИС, во вонреден инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина. Се работи за околу три тони линдан спакуван во хартиени вреќи и нареден на палети во објект кој сега е сопственост на фирмата „Хемиски Инженеринг“ од Скопје. Во истата контрола најдени се и три цистерни во кои имало хлор. Од...

Ниту Црвените листи не ги спасуваат дивите животни од отрови и криволов

Труења, ловење, заробување или убивање се речиси секојдневните закани со кои се соочуваат дивите животни во земјава. Под закана се и животни кои се наоѓаат на Црвените листи на загрозени видови, бидејќи и покрај високите казни за вакви дела, кои се движат и до десет години затвор, засега никој не е казнет. Досега, согласно со методологија на IUCN се...

Илјадници жители од Кумановско четири децении се трујат со арсен и други отровни материи [фото]

Кумановските села Табановце, Лојане и Ваксинце со децении наназад се трујат со арсен и други опасни материи што се расфрлани на две локации покрај самата граница со Србија. На првата локација, во непосредна близина на железничката станица во Табановце, сместена е дивата депонија која содржини стотици тони јаловина од затворениот рудник за хром, антимон и арсен „Лојане“, којшто престанал да...

Град Скопје: Во депонијата Дрисла не се согорува опасен отпад без дозвола

По денешната прес-конференција на директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски, на која тој посочи дека депонијата Дрисла не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, реакција стигна од Градот Скопје. „Во ЈП Дрисла освен медицински отпад кои се третира согласно предвидените процедури, не се согорува друг вид опасен отпад без дозвола“, наведуваат од Град...

„Дрисла“ не смее да депонира опасен отпад и мора да ја смени интегрираната дозвола

Депонијата „Дрисла“ не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, бидејќи нема соодветна инсталација за тоа. Ова е едно од повеќето решенија на Државниот инспекторат за животна средина, за кои денеска информираше в.д. директорот Сретен Стојковски. „Дрисла“ ќе мора да побара и измена на А-интегрираната дозвола која ја обнови во февруари годинава, според која има дозвола...

Државниот инспекторат за животна средина не го пронајде лавчето Симба во „Парк Хотел“

Во координација со надлежните институции инспектори од Државниот инспекторат за животна средина само што заврши со инспекција во објектот на „Парк Хотел“ покрај кејот на Вардар. Надлежниот инспектор кој бил на увид во овој скопски хотел со пет ѕвездички за Мета изјави дека лавчето Симба не се наоѓа на оваа локација. „Увидот само што заврши и можам да ви кажам дека...

Нови казни од 6.000 и 800 евра за горење на охридската депонија „Буково“

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ доби две нови казни заради горењето отпад на општинската депонија „Буково“. Државните инспектори за животна средина, при контролен инспекциски надзор минатата недела, констатирале дека депонијата сè уште чади и го загадува воздухот и изрекле нови, втори, санкции за правното лице во висина од 6.000 евра и 800 евра за одговорното лице. Од Инспекторатот информираат дека...

Рудникот „Булмак 2016“ заради истекување јаловина може да добие казна и до 100.000 евра

Државниот инспекторат за животна средина направи вонреден инспекциски надзор во рудникот во Пробиштип „Булмак 2016“ по добиена пријава преку електронска пошта дека има истекување на јаловина од скршена каналетка од транспортниот систем во рудникот. Во надзорот, направен на 25 и 26 август, инспекторите констатирале дека јаловината истекува од скршена каналетка на земјениот пат под старото јаловиште и е издадено...

Инспектори забранија „Дрисла“ да депонира канти со боја за возила, директорот Начевски прашува каде да одат

Државниот инспекторат за животна средина ѝ наложи на депонијата „Дрисла“ да не прима одреден вид на опасен отпад, бидејќи нема инсталација за негов правилен третман. Од Инспекторатот информираат дека во депонијата биле направени две вонредни контроли на 19 и 25 овој месец, по претставка од граѓани дека таму се одлага опасен отпад. Инспекторите констатирале дека депонијата поседува А-интегрирана дозвола,...

Контраспин: Ги назначува Владата, ама требало да ѝ се поклонат на партијата!

Владата ја спинува вистината и сака да претстави дека заради мир во владината коалиција, нешто најнормално на свет е „позицијата директор на државниот Инспекторат за животна средина да е во политичка надлежност на партијата ДОМ“. Но, тоа воопшто не е нормално. Во конкретниот случај, излегува како ДОМ да има врвни ингеренции врз Инспекторатот, а не Владата. Тоа не е...

Ана Петровска разрешена од Државниот инспекторат за животна средина, бурни реакции од граѓанските организации

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска денеска е разрешена од функцијата. На денешната седница на Владата на нејзиното место е именуван Сретен Стојковски, кој доаѓа од Министерството за животна средина. Петровска, како кадар на партијата ДОМ, на позицијата во Инспекторатот дојде во октомври лани, од Министерството за животна средина, каде што од 2018 година ја обавуваше функцијата...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...