fbpx

„Шанса за Центар“ бара да се утврди дали пожарот во „Треска“ е подметнат и какви материи се чуваат во фабриката

-

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ реагираа по пожарите што вчера и денеска ја зафатија поранешната фабрика за мебел „Треска“ во центарот на Скопје. Тие бараат да се утврди дали пожарот во „Треска“ е подметнат и какви материи се чуваат на оваа локација.

„Старите хали повторно горат кога е во ек јавна дискусија за тоа што ќе се случува понатаму со „Треска“, а се шират и сомнежи дека пожарите се подметнати. Ги очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада и Град Скопје детално и брзо да се изјаснат за тврдењата дали последниот пожар е подметнат“, се наведува во нивното соопштение.

Од „Шанса за Центар“ ги повикаа надлежните институции и Државниот инспекторат за животна средина да утврдат какви материи се чуваат во кругот на поранешната фабрика и дали претставуваат опасност за избувнување на пожари или за здравјето на луѓето кои живеат во околината на „Треска“, па и во целата општина.

„Бараме институциите да ја информираат јавноста дали сопствениците на објектите и на земјиштето имаат обврска да го расчистат отпадниот материјал од нивните имоти со цел да се намали опасноста за граѓаните“, велат од „Шанса за Центар“.

„Шанса за Центар“ смета дека одолговлекувањето на постапката за носење нов урбанистички план за подрачјето на „Треска“, придонесува за продолжување на неизвесноста и ја зголемува можноста за нови несакани случувања.

„Бараме општината да не тактизира со објавувањето на конкурсните решенија, туку во согласност со одлуката на Советот да организира јавна презентација на трудовите со кои се нуди поквалитетно решение за подрачјето и подобри услови за достоинствен живот на сегашните и идните жители“, велат од „Шанса за Центар“.

Од граѓанската иницијатива пред неколку недели предупредија дека е можен развој на настаните околу поранешната фабрика „Треска“ со цел да се реши урбанистичкото планирање на подрачјето на начин кој нема да го штити јавниот интерес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...