fbpx
Таг: ДоговородПржино

таг: ДоговородПржино

Тодоров: СДСМ сака дијаспората да гласа, но да нема свој пратеник

Главниот проблем на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино е инсистирањето на СДСМ дијаспората да нема свој пратеник во Собранието во Македонија, вели преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство Никола Тодоров за „А1Он“. – Тоа е прилично проблематично, особено поради фактот што изјавите се во смисла дека сепак тие се за дијаспората да гласа, но без да кажат дека...

Утре конечно договор за изборните закони?

Политичките партии и вчера не постигнаа напредок околу прашањата поврзани со изборните закони. По средбите на белгискиот олеснувач Питер ван Хојте со претставници на политичките партии, меѓу кои и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, немало приближување на ставовите, дознава „Мета“. Поради тоа Ван Хојте им дал уште еден ден рок да направат напори и...

Германска амбасада: Пробивањето на роковите е неприфатливо

Aмбасадата на Германија во Република Македонија им порача на политичките партии дека е неприфатливо да се пробиваат роковите предвидени со Договорот од Пржино. „Германската амбасада е многу разочарана и мошне загрижена во врска со пробивањето на роковите, договорени меѓу четирите политички партии, за постигнување договор за амандманите на Изборниот законик и затоа што досега не е постигнат никаков договор. Изгубени се...

Амбасада на САД: Законот за „бомбите“ оди во групите, а договор мора да има до 20 октомври

Власта и опозицијата денеска ќе ги продолжат разговорите во работните групи, откако синоќа постигнале напредок во врска со изборните реформи, како и за законот за забрана на објавување на „бомбите“, соопштија од Амбасадата на САД во Македонија. „Работните групи за спроведување на Договорот од Пржино, синоќа постигнаа напредок за прашањата поврзани со изборите и се договори повторно да ги продолжи...

Нема договор за изборниот пакет во предвидениот рок

Нема договор од синоќешната средба на работните групи за изборните закони, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови. И покрај напорите на белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, ниту една страна од преговарачките тимови не сакала да попушти за законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали.

Денеска истекува рокот за договор за изборна регулатива

Денеска е последниот ден од рокот за работните групи да постигнат договор за изборната регулатива, како што е предвидено со Договорот од Пржино. Како што информираат од партиите учеснички во преговорите, работните групи последната средба ја имале во неделата, но не бил постигнат никаков договор. Единствено нешто за што досега партиите се согласиле е членството на Државната изборна комисија (ДИК) да има...

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза на работните групи и повеќе не се вратија

Шест часа претставниците на СДСМ, ДПА и на ДУИ вчера ги чекале претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров и Никола Попоски, да се вратат од паузата што ја договориле на работните групи, дознава „Мета“. Иако паузата требало да трае само два часа, и по шест часа тие не се вратиле во Клубот на пратеници. Пред полноќ, белгискиот експерт Питер ван Хојте телефонски им...

Заев: Во интерес на земјата е да има една изборна единица

Прашањата поврзани со изборното законодавство, обврските за реализација на договорот од 2 јуни и од 15 јули за разврска на политичката криза и очекувањата од работата на Специјалното обвинителство, биле тема на разговор на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Ваутер Пломп, соопштуваат од СДСМ. На средбата, како што инфромираат од...

Заев: Меѓународната заедница ќе каже кој ги кочи преговорите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се вистинити обвиненијата на ВМРО-ДПМНЕ дека опозицијата ги блокира преговорите за да продолжи со објавување на „бомбите“, одговори дека ако СДСМ сакал да продолжи со „бомбите“, воопшто немало да седнe на преговарачка маса со ВМРО-ДПМНЕ. - Не би сакал да навлегувам во детали за тоа кој е виновен....

И амнестијата и аболицијата биле споменати на лидерските средби

На лидерските средби и преговорите што се водеа во Клубот на пратениците и во Пржино, станало збор и за аболиција и за амнестија. Како што вчера изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за ова се разговарало сè до 15 јули. - Темата амнестија и аболиција беше на дневен ред во овие преговори сè до 15 јули. Некаде во март-април, таа беше целосно...

Европската комисија го поздрави договорот и чека законот да помине во Собрание

Европската комисија го поздрави постигнатиот договор за назначување специјален јавен обвинител, соопшти Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан за време на денешната редовна прес-конференција. - Го поздравуваме договорот кој утринава во Скопје го постигнаа политичките партии за назначување на специјалниот јавен обвинител, кој беше важен елемент од политичкиот договор, кој беше посредуван од комесарот Хан и неколку европратеници во...

Во СДСМ се изненадени од изјавата на премиерот за специјалниот обвинител

И во опозицискиот СДСМ се изненадени од вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски, во врска со изборот на специјален јавен обвинител. Оттаму велат дека досега од ВМРО-ДПМНЕ инсистирале да се избере само специјален обвинител и не прифаќале дека тој треба да има и стручни соработници, ниту, пак, други работи кои му се потребни за да може независно да работи, па и...

Партиите денеска продолжуваат со преговорите за специјалниот обвинител

Работните групи со претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска продолжуваат со преговорите за избор на специјален јавен обвинител, кој, според договорот, треба да ги истражи наводите од содржината на прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Специјалниот јавен обвинител, во мометот е „најжешката“ тема околу која разговараат работните групи, а чие именување, според Договорот од Пржино, треба...

Амбасада на САД: Владата и партиите да не му ставаат сопки на специјалниот обвинител

Ги повикуваме Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат какви било дејства што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со целосна автономија, како што е предвидено во договорите од 2 јуни и од 15 јули, стои во денешното соопштение на Амбсадата на Соединетите Американски Држави (САД), откако Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека донел одлука да...

Без напредок на денешна средба за специјален јавен обвинител

Тричасовната средбата на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино заврши без изјави. Претставниците на политичките партии, белгискиот експерт Питер ван Хојте, ирскиот олеснувач Џејмс Хамултон и  американскиот обвинител за организиран криминал и корупција Џон О`Саливен го напуштија Клубот на пратеници, без да откријат дали има некаков напредок во однос на горливото прашање за Специјален јавен обвинител,...

Медиумите тема на преговорите на работните групи од 2 септември

Реформите во медиумите од 2 септември ќе се најдат на преговарачка маса на работните групи составени од претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, пишува „Вест“, повикувајќи се на неофицијални информации од свои извори. Според информациите на „Вест“, во преговорите за реформи во медиумскиот простор ќе бидат вклучени и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), невладини организации, синдикални...

Заев: Граѓаните ќе добијат ако Македонија е една изборна единица

Големите политички партии ќе изгубат ако Македонија биде една изборна единица, но во таков случај добиваат граѓаните, парламентарната демократија и реално, преку моделот со една изборна единица, повеќе нема да се случи да има моќни фигури како што беше Груевски во Македонија. Ова денеска го изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ на средба со граѓаните во Пехчево. - Овој период мора...

Јашари: Да се донесе нов Закон за специјалниот јавен обвинител

Прашањето за специјалниот јавен обвинител кој е дел од преговорите на работните групи и од Договорот од Пржино најдобро ќе се реши со усвојување на нов закон, смета министерот за правда, Аднан Јашари, објавува „Алсат М“. Според министерот ако се донесе нов закон нема да има конфликт со надлежности на Јавното обвинителство. Ако четирите политички партии кои преговараат не покажат волја...

Денеска во Клубот на пратеници ќе се кршат копјата за специјалниот јавен обвинител

Денеска во 13 часот прeтставниците од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино ќе се сретнат во Клубот на пратениците да разговараат за специјалниот јавен обвинител. Социјалдемократите вчера категорично демантираа дека разговараат со личности кои би биле кандидтати за обвинител. - Се уште не разговараме за имиња, затоа што е несериозно тоа да се прави без да се донесе прво закон...

Работните групи се договорија за изборот на членови на ДИК

Работните групи на политичките партии потписници на Договорот од Пржино денеска постигнаа договор за избор на членови на ДИК. Тие го прифатиле предлогот на СДСМ, составот на ДИК да биде оформен по формулата 3+3+3, односно тројца членови предложени од опозицијата, тројца од власта и тројца експерти избрани со двотретинско мнозинство од парламентот, дознава „Мета“ од извори од работните групи. Како што...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...