Таг: ДоговородПржино
таг: ДоговородПржино
Утре конечно договор за избирачкиот список, за ДИК и за дијаспората?
Договор меѓу политичките партии потписници на Договорот од Пржино најверојатно ќе има утре, дознава „Мета“ од извори во работните групи.
Прашањето за избирачкиот список е речиси договорено.
Има само мали несогласувања околу начинот на гласањето на дијаспората.
Граѓанската организација МОСТ била повикана на денешната средба на работните групи за да направи презентација на можноста за активна регистрација на гласачите.
- Бевме само повикани...
Работните групи одморени почнаа нови средби за ДИК
По паузата за летни одмори, работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, пред малку повторно седнаа за заедничка маса.
Како што се дознава, тема на денешните разговори ќе биде Државната изборна комисија и Изборниот закон.
Претставници од СДСМ се Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, а од ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби...
ДУИ до крајот на август очекува договор за изборниот закон и за специјалниот обвинител
Демократската унија за интеграција (ДУИ) очекува до крајот на август политичките партии да постигнат договор околу прашањата за изборниот закон и за специјалниот јавен обвинител и потоа со консензус да бидат усвоени во Собранието, по враќањето на опозцијата, на почетокот на септември, било истакнато на денешната средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и новоименуваниот амбасадор на Албанија во...
Кампањата може да почне: Сега!
Лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Никола Груевски и Зоран Заев, не оставаат ништо на случајноста и веднаш по враќањето од годишните одмори се зафатија со, по сè изгледа, активна политичка кампања, во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за април следната година.
Пред-предизборната кампања, ако може така да се каже, ја почна Груевски, бидејќи за ВМРО-ДПМНЕ под...
ЗНМ: МАНУ и Омбудсманот да го предлагаат програмскиот совет на МРТВ
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) предлага раководството на јавниот сервис МРТВ да се избира со двотретинско мнозинство, а на предлог на независни и на кредибилни институции, како Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Народниот правобранител, за конечно департизирање и деполитизирање на националниот сервис, објавува „24 Вести“.
„Клучно барање ни е изборот на членовите на програмискиот сервис и начинот...
Коцијанчич: Ако треба, ЕУ ќе помогне за специјалниот обвинител
Европската унија (ЕУ) ќе обезбеди секаква помош доколку е потребно за да се формира специјален обвинител, кој треба да ги истражи наводите што произлегоа од прислушуваните разговори, изјавила Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во одговор на прашањата на весникот „Вест“ дали се утврдени деталите за функционирање на специјалниот обвинител и дали се размислува...
Рилкоски на состанокот на работните групи
Работните групи на најголемите политички партии за спроведување на Договорот од Пржино најверојатно денеска ќе разговараат за поставеноста на Држваната изборна комисија (ДИК), судејќи по тоа што на состанокот во Клубот на пратеници присуствува и претседателот на комисијата, Никола Рилкоски.
Партиите ги претставуваат истите членови на работните групи.
Од СДСМ претставници се Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, на кои денеска им...
Хан: Договорот од Пржино мора да се спроведе во целост и без одложување
„Дозволете да бидам кристално јасен: Европската унија (ЕУ) не посредуваше за краткорочен договор за стабилизација. Нашата цел е да ѝ помогнеме на земјата на нејзиниот евроатлантски пат и во зацврстувањето на демократијата, отворенотo општество и на владеењето преку избори и одржливи реформи“, пишува еврокомесарот Јоханес Хан во напис објавен на неговиот блог, посветен на Договорот од Пржино, во кој,...
Првиот состанок на работната група за Пржино – неформален и информативен
Околу два часа траел првиот состанок на работната група, составена од претставниците на четирите најголеми политички партии со експерти од ОБСЕ, на кој, како што пренесуваат медиумите, се разговарало за модалитетите и се изнесувале компаративни искуства во повеќе земји за тоа како да се прочисти избирачкиот список.
Сепак, на средбата, која се одржа во седиштето на мисијата на ОБСЕ во...