Од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза на работните групи и повеќе не се вратија

-

Шест часа претставниците на СДСМ, ДПА и на ДУИ вчера ги чекале претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров и Никола Попоски, да се вратат од паузата што ја договориле на работните групи, дознава „Мета“.

Иако паузата требало да трае само два часа, и по шест часа тие не се вратиле во Клубот на пратеници. Пред полноќ, белгискиот експерт Питер ван Хојте телефонски им дал рок од 10 минути да се вратат и да продолжат со преговорите или политичките партии ќе ја напуштат средбата. Откако и по 10 минути Попоски и Тодоров не се вратиле на средбата, претставниците на другите партии си заминале. До овој момент сè уште нема закажано нова средба и не се знае дали и кога ќе продолжат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино.

Според извори на „Мета“, СДСМ бара отворање на министерство за дијаспора, кое е едно од барањата на организациите на иселеници. Нашите извори велат дека СДСМ е за гласање на дијаспората, но да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изедначување на гласот. Од СДСМ сметаат дека со формирањето министерство за дијаспора би се олабавил притисокот за начинот на гласање на дијаспората, затоа што сите нивни барања би се влевале во ова министерство. Од СДСМ бараат правото на глас на дијаспората да биде од 85 до 90 проценти од просечниот број на гласови остварени на последните парламентарни избори.

СДСМ во игра го внесува и прашањето за процентот на квотите за жените, како во избирачките закони, така и во органите на институциите. Нивниот предлог е процентот на квотата за жени да се зголеми на 40 проценти.

Од опозициската парија брифираат дека напредокот во работните групи е мал, речиси никаков, иако утре изминува рокот за договарање на изборните закони. Досега е договорено само изборот на членови на ДИК да се врши по принципот „три плус три плус три“, односно тројца членови од власта, тројца од опозицијата и тројца експерти што ќе се избираат на јавен конкурс.

Во врска со проверката на избирачкиот список, сè поголеми се шансите за теренска проверка на гласачите, кои би ја вршеле мешовити комисии.

Иако партиите имаат уште еден ден за решавање на овие прашања, не се знае дали тие сами ќе успеат да ги решат или ќе добијат закон на тацна, кој на крајот од денот ќе мора да го потпишат.

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Стапување во брак прерано и развод на млади години: Приказната на 20 годишната девојка од Скопје во екот на зголемувањето на бројот на разводи...

Прераното стапување во брак и го смени животот на 20 годишната М. Садриу од Скопје, која се откажа од студиите поради љубов, но заврши сама, без надеж и разведена по само...

Македонската Еспорт Федерација стана европски шампиот во Дота 2

Македонија и Македонската Еспорт Федерација вчера испиша историја освојувајќи го првото место на Европското првенство во Dota 2, во рамки на European Esports Championship 2025, што се одржа во Приштина. Нашиот национален тим...

Новинарот Гоше Николов ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година

Новинарот Гоше Николов е добитник на наградата „Гласник на невидливите“ за минатата година, за текстот објавен на Мета со наслов „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со...

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од...