Таг: Димитар Ковачевски
таг: Димитар Ковачевски
Во Белград македонска винска вечер, опозицијата вели ќе има космодром од неа
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа беше домаќин на Македонската вечер во рамките на меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград. И додека на синоќешниот настан присуствувале српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека ако власта и Ковачевски испијат уште едно вино може во Белград да...
Потпишан меморандум меѓу Македонија и Србија за брз воз од Скопје до Ниш
Денеска во Белград беше потпишан меморандум од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридорот 10.
Станува збор за железничка мрежа која би ги поврзала Скопје и Ниш и би поддржала пат со брзи возови, кои би се движеле...
Владата го усвои Предлог-буџетот за 2024 година, кој ќе тежи 5,5 милијарди евра
Владата денеска на предлог на Министерството за финансии, го усвои Предлог-буџетот за 2024 година. Во буџетот за идната година, рече министерот за финансии Фатмир Бесими, не е предвидено зголемување на платите на функционерите, а во изборниот процес ќе нема ниту нови вработувања во јавниот сектор. За изборите догодина, пак, предвидени се една милијарда денари, односно по 500 милиони денари...
Костадиновска-Стојчевска и Ковачевски на средба во УНЕСКО, се споменал и Охрид
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, каде што пред отворањето, заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа пречекани од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.
На средбата, извести македонското Министерство за култура, беше истакнато задоволството од досегашните резултати од интензивната соработка на Северна Македонија со Организацијата на Обединетите нации за...
ВМРО-ДПМНЕ како апостол на кинески „Синохидро“, ги бранат за автопатот Кичево-Охрид
По најавите на премиерот Димитар Ковачевски за можно раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ деновиве застана во одбрана на кинеската компанија „Синохидро“, која што беше избрана како изведувач токму од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вчерашното гостување на „Сител“ вината за недовршување на автопатот ја префрли во неспособноста на менаџментот...
Ковачевски: Груевски треба да се врати, но за да се соочи со правдата
Наводите за можно враќање на Никола Груевски во земјава е депласирана тема, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на Скопска пивара. Ова тој го одговори во врска со наводите за можно враќање на експремиерот Никола Груевски во земјава, а во контекст на ефектите од контроверзните измени на Кривичниот законик.
Тој одговори и на прашањето дали...
Бектеши: Следната недела нов пакет антикризни мерки, стапката на инфлација е преполовена
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека следната недела може да се очекува новиот пакет антикризни мерки.
„Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредна недела“,...
Контраспин: Уште ќе го возиме стариот пат до Охрид, власта допрва ќе барала нов изведувач
Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на патот,“ заедно со оние...
Ковачевски: Можно е раскинување на договорот со „Синохидро“ за автопатот Кичево-Охрид
Недозволиво е пратениците во Собранието уште еднаш да разгледуваат продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десетта година и треба да се размислува во насока на раскинување на договорот со кинескиот изведувач, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на обновениот пат Подмоље – Струга – Ќафасан.
„Недозволиво еден автопат од...
Фон дер Лајен во Скопје посети и фабрика за преработка на зеленчук и овошје
Компанијата „Џанвики ДОО“ е најголемиот ИПАРД проект во земјава, која како мал семеен бизнис од фондовите на ЕУ била поддржана со околу 2,3 милиони евра. Оформената фабрика за преработка на зеленчук и овошје во Скопје денеска ја посетија претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски, информираат од владината прес-служба.
Овој индустриски капацитет преку претпристапната помош...
Ковачевски: Гласавме „воздржано“ за резолуцијата на ОН оти не беше спомнат нападот на Хамас
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Северна Македонија гласала воздржано за резолуцијата за примирје во Газа на Генералното собрание на Обединетите нации, предложена од Јордан, бидејќи во неа не бил споменат терористичкиот напад на Хамас во Израел од 7 октомври. Дополнително, рече Ковачевски, во неа не било споменато правото на Израел да се брани.
„Северна Македонија го поддржува хуманитарниот аспект на...
Фон дер Лајен: Уставните измени се неопходен чекор за пристапување во ЕУ, секоја партија со своја одговорност
Уставните измени се неопходен чекор на патот кон пристапувањето во ЕУ. Изборот е ваш и затоа се надевам дека сите партии ќе ги поддржат уставните измени. Секоја партија има своја одговорност и затоа се надевам дека измените ќе бидат поддржани со широко мнозинство.
Ова го порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар...
Претседателката на Европската комисија фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево ќе пристигне во официјална посета на земјава и од овде ќе ја започне својата четиридневна посета на Западен Балкан.
Фон дер Лајен вечерва ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, од чиј кабинет најавија дека приемот на претседателката на Европската комисија е закажан за во 18 часот и 45 минути.
За утре...
Претседателката на Европската комисија во недела доаѓа во Скопје
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во недела ќе ја започне четиридневната посета на Западен Балкан. На 29 октомври таа најпрво ќе дојде во С. Македонија, а наредните денови ќе ги посети Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
За време на посетата ќе се дискутира билатералната соработка и на лидерите од регионот ќе им се претстават...
Со нова пречистителна станица и реконструкција на колекторот ќе се заштити Дојранското езеро
Со 3,5 милиони евра, системски ќе се решава собирањето и пречистувањето на отпадните води во Дојран, а ќе се санира и колекторскиот систем. Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на почетокот на санацијата и реконструкцијата на колекторски систем и отпочнувањето на постапката за изградба на нова пречистителна станица во Дојран.
Со проектот за санација и реконструкција на колекторски систем и отпочнување...
Контраспин: Никако да се брцне во „медот“ на функционерите
Платите на функционерите експресно се покачија – само неколку дена по Oдлуката на Уставниот суд, ама никако да се намалат. Законот, најавен уште во април, сè уште се крчка. Работна група трага по издржливо и фер решение за вреднување на трудот на нашите функционери. Откако ќе се најде такво решение треба да биде усвоено на Влада, да ја мине...
Дел од здравствените работници протестираат, премиерот вели ќе се разгледаат барањата
Некои од здравствените работници организирани од Независниот синдикат на здравствени работници и административно-технички персонал денеска протестираа пред здравствените установи во периодот од 10:30 до 11 часот. Предупредувачкиот штрајк го поддржаа и дел од возачите од итната медицинска помош, кои со вклучени сирени на возилата го изразија револтот и ги поддржаа барањата на синдикатот.
Дел од вработените бараат зголемување на платата...
Контраспин: Правдањето од типот судството е криво, е спин!
Исто како што и опозицијата спинува дека власта ги протуркала овие измени заради сопствените функционери во идните случаи, а не кажуваат дека и тие асистирале при носењето на измените, исто и власта нема да има оправдување кај јавноста, уште помалку кај експертската за последиците од ова законско решение, се додека искрено не ги соопштат вистинските причини за нивното носење....
СДСМ го отвори предметот, СДСМ и неславно го затвори скандалот со масовното прислушување
Премиерот Димитар Ковачевски одбива да даде негов став во однос на застарувањето на еден од највисоко профилните судски предмети во историјата на правосудството - масовното прислушување, скандал кој го отвори токму СДСМ, партијата од каде што тој доаѓа, а токму и со таа цел беше формирано Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Случајот „Таргет-Тврдина“ вчера и официјално беше затворен поради апсолутна застареност,...
Откако Уставен ги зголеми за 78 отсто, Владата ќе бара чаре да ги намали функционерските плати
Седум месеци откако Уставниот суд со одлука ги зголеми платите на функционерите за 78 отсто, од Владата најавија дека формирана е работна група која ќе работи на „поприфатливо и одржливо решение“ за платите на функционерите.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека владата сака да постигне решение, па така работната група во која членуваат министри имаат рок до наредната недела да...