fbpx

Ковачевски за Курти: Учеството на партии од други држави на изборите е непосакувана динамика

Не знам како точно е пренесена изјавата на еден од претседателите на партиите во опозицискиот блок, треба да се види на што точно се мисли. Треба да се провери на кој начин тие би учествувале, како и на што точно се мисли. Треба да се провери и Изборниот законик, како и регистрирањето на партиите, изјави премиерот Ковачевски

-

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска изјави дека не е познато сестрински партии да учествуваат во политичка поддршка на партии во други држави, но и додаде дека учеството на политички партии од соседството во изборниот процес на нашата држава може да предизвика и партии од други држави да бидат дел од изборите во земјава, што, како што вели, би претставувало не толку посакувана динамика.

„Не знам како точно е пренесена изјавата на еден од претседателите на партиите во опозицискиот блок, треба да се види на што точно се мисли. Треба да се провери на кој начин тие би учествувале, како и на што точно се мисли. Треба да се провери и Изборниот законик, како и регистрирањето на партиите“, изјави премиерот Ковачевски.

Ваквата изјава на премиерот следи откако вчера на плоштадот „Скендербег“ во Скопје беше отворена заедничка канцеларија на коалицијата Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење. Во рамките на настанот официјално се претстави и Движењето Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти со претставникот Беким Ќоку.

Беким Ќоку, советник на косовскиот премиер Албин Курти, меѓу другото, кажа дека движењето Самоопределување станува четвртиот столб на опозицискиот фронт за да ја донесе, како што вели тој, “долгоочекуваната промена во Северна Македонија”.

„Тука денес се обраќам и како поранешен член на Алијансата за Албанците, знаејќи го духот и менталитетот на оваа партија, ги повикувам да бидат дел од оваа победничка коалиција за заеднички да ја направиме големата промена“, изјави Беким Ќоку.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...