fbpx

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

Министерот за правда Лога, осврнувајќи се на процесот на системско и трајно решавање на проблемот, истакна дена земјава е на прво место во Европа и второ во светот по решавање на проблемот со неевидентираните лица

-

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за правда Кренар Лога денеска им поделија изводи на лица кои досега не биле евидентирани во матичната книга на родени. Со ова, велат од Владата, се решава деценискиот проблем којшто го имаа стотици граѓани кои се родиле на територија на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени.

„После една деценија, им овозможивме на овие граѓани да си го остварат правото на заштита на нивното здравје преку здравствено осигурување, децата да посетуваат редовна настава и да добиваат свидетелства за завршено образование. Со нивното евидентирање во матичните книги им отворивме можност да ги користат сите бенефиции кој им ги нуди Уставот и Законите на Република Северна Македонија. Тие сега можат легално да стапат во брак, а нивните потомци без никаков проблем да бидат заведени во матичната книга на родените“, рече во своето обраќање премиерот Ковачевски.

Министерот за правда Кренар Лога, осврнувајќи се на процесот на системско и трајно решавање на проблемот, истакна дена земјава е на прво место во Европа и второ во светот по решавање на проблемот со неевидентираните лица.

„Дадовме поддршка на подготовката на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој беше донесен во 2020 година. Предлог на Законот за матична евиденција беше донесен на 14 јуни 2023 година. Согласно Конвенцијата за правата на детето, со овој закон се гарантира правото на упис во матична книга на родени на секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители“, рече министерот Лога.

Директорот на Управата за водење на матични книги Емир Сулејмани кажа дека се постапува за вкупно 526 лица за упис во матична книга на родените. Од нив, за 409 лица е извршен упис од донесувањето на законот па досега, додека за останатите 117 лица ќе се постапи до крајот на годинава.

Претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска посочи дека со имплементирањето на Законот за матична евиденција, како држава, јасно е поставена цел дека оваа категорија на граѓани мора да ги уживаат основните човекови права и слободи гарантирани во Уставот.

На настанот беа поделени 12 изводи на лица без државјанство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...