fbpx

Ковачевски: Треба да им се каже фала на вработените кои ги изработуваат личните документи

Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата, рече премиерот во однос на хаосот со вадење лични документи за граѓаните

-

„Јас знам дека сите сакаат повеќе да критикуваат, меѓутоа треба да се каже и фала на оние вработени кои работат деноноќно, и на сликање на граѓаните, и на изработка на документите, и на издавање на документите“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, во однос на хаосот околу издавањето на личните документи на граѓаните.

Христијан Мицкоски вчера најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка пред Уставниот суд за ставање на времена мерка на Законот за лични документи од 2021 година. Тој рече дека имаат две опции за надминување на гужвите за промена на личните документи со стариот назив на државата.

„Едната опција е Уставниот суд да стави времена мерка на Законот од 2021 година, да биде вон сила сè до следно одлучување дали е тој уставен или не. Другата опција е во парламентот да се донесе закон со кој рокот ќе се продолжи“, изјави Мицкоски.

Во врска со оваа иницијатива, премиерот Ковачевски денеска рече дека секоја иницијатива може да биде разгледана и дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.

„Ние во различни одвоени средби, бидејќи Уставниот суд е највисоката судска инстанца, имаме разговарано на поединечно ниво во однос на тоа“, рече тој.

Ковачевски информираше дека досега се издадени 1,2 милиони пасоши, а тоа не е мала бројка.

„Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата“, рече Ковачевски.

Редици од луѓе има секојдневно за вадење нови лични документи. Луѓето застануваат во ред уште од 6 часот наутро, а потоа со часови чекаат за да стигнат на ред за фотографирање. Големи се и гужвите за подигање на личните документи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...